Живот и дело

Книжевната критика го сместува Србо Ивановски меѓу припадниците на втората генерација современи македонски поети. Димитар Митрев за него вели дека е извонредно спонтан поет на срцеведството, а неговата поезија ја присоединува кон лозата на поетите чија стихија е елементарноста.

Поет, романописец, драмски автор и писател за деца. Завршил гимназија во родниот Штип, а дипломирал на групата Јужнословенска книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Во литературата се јавува непосредно по Втората светска војна кога во 1945 г. во в. „Брегалнички глас“ ја објавува својата прва песна. Објавувал стихови и во сп. „Нов ден“, „Млад борец“, „Омладина“ и „Младост“ (Белград). Бил уредник во сп. „Млад бо...

  • Автор

    СРБО ИВАНОВСКИ

  • 1928, Штип - 12.III 2014, Скопје

  • современа книжевност

  • автор поезија проза роман расказ


Опус

Лирика. 1950. Скопје: НОПОК (поезија); Желби и меѓи. 1950. Скопје: Кочо Рацин (поема); Средби и разделби. 1952. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Цветови и снегулки. 1953. Скопје: Детска радост (книга за деца); Жена на прозорецот. 1954. Скопје: Кочо Рацин (раскази); Бели крикови. 1956. Скопје: Култура (поезија); Жена на прозорецот. 1956. Скопје: Кочо Рацин (раскази); Осамени. 1957. Скопје: Кочо Рацин (роман); Сончево око. 1964. Скопје: Култура (поезија); Збор и лузни. 1964. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Маѓепсан патник. 1966. Скопје: Култура (поезија); Спроти брегот. 1969. Скопје: Мисла (поезија); Пена од планината. 1971. Скопје: Мисла (поезија); Мартин Нуната. 1979. Скопје: Мисла (роман); Леонида трча окрвавен. 1980. Скопје: Култура (роман); Кога тетин Клименте шеташе над градот. 1982. Скопје: Македонска книга (раскази); Додека го чекавме Андреја. 1990. Скопје: Наша книга (роман); Место меѓу живите. 1990. Скопје: Култура (роман); Прстен на времето. 1993. Скопје: Култура (поезија); Балада за исчезнатите. 1994. Скопје: Мисла (роман); Горчлив корен. 1994. Скопје: Македонска книга (поезија); Челуст на времето. 1996. Скопје: Култура (поезија);Неподобниот. 1997. Скопје: Култура (роман); Близу до животот близу до смртта. 1998. Скопје: Мисла (поезија); Жената на белогардеецот. 2001. Скопје: Наша книга (роман); Црниот камен. 2003. Скопје: Штрк (роман); Елена. 2005. Скопје: Просветно дело (поезија); Посегање по чудесното. 2008. Битола: Микена (белетристика); Ангелот и лудите цвеќиња. 2008. Скопје: Дијалог (поезија); Желките од рајската градина. 2009. Скопје: Култура (раскази). Постхумно се објавени:Првата љубов на Дафина. 2014. Скопје: Магор (роман); Плодови на несониците. 2018. Скопје: Авант прес (поезија); Веселото штурче. 1957. Скопје: Детска радост (книга за деца); Сончево око. 1964. Скопје: Култура (книга за деца).   


Библиографија

Костовски, Јован. 1957. „Прозата на Србо Ивановски“. Современост бр. 1, 61-65. Ѓурчинов, Милан. 1970. „Наведнат над еден лирски текст“. Во: Критички сведоштва. Култура, Скопје. 18-25. Митрев, Димитар. 1970. „Србо Ивановски“. Во: Огледи и есеи, Скопје: Наша книга, 292-293. Смилевски, Веле. 2008. „Меѓу лирското и мисловното“. Во: Ивановски, Србо. Посегање по чудесното. Битола: Микена, 5-17.