Живот и дело

Со својот ангажман во Институтот за фолклор, Петровски имал пионерска улога во трасирањето на патот за идните истражувачи на традиционалната ромска култура во Македонија, во областа на етнологијата и фолклористиката, а за својот придонес во проучувањето и популаризацијата на традиционалната ромска култура добитник е на неколку награди и признанија од повеќе ромски организации.

Фолклорист, етнолог, историчар, истражувач на фолклорот и етнологијата на ромскиот народ во Македонија и собирач на ромското народно творештво.

Во 1974 г. завршил историја и педагогија на Педагошката академија, а во 1979 г. дипломирал Историја на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1989 г. магистрирал на Катедрата за етнологија на Филозофскиот факултет во Белград на тема: „Календарски обичаи кај Ромите во Скопје и околината“. Во 1997 г. на Катедрата за етнологија на Филозо...

  • Автор

    ТРАЈКО ПЕТРОВСКИ

  • 18.V 1952, Скопје - 6.VIII 2020, Белград

  • народно творештво

  • автор


Опус

Календарски обичаи на Ромите во Скопје и околината. 1993. Скопје: Феникс; Ромски народни песни од Македонија. (Печатени музикалии). 2001. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Ромски фолклор. Книга 1 и Книга 2. 2002. Скопје: Здружение на љубители на ромска фолклорна уметност „Романо Ило“; Етничките и културните карактеристики на Ромите во Македонија. 2013. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Ромски народни приказни од Македонија. 2017. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“. 


Библиографија

70 години Институт за фолклор „Марко Цепенков“ (1950 – 2020). 2020. Редакција д-р Зоранчо Малинов, д-р Катерина Петровска-Кузманова. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“.