Живот и дело

Особено се истакнува како собирач, мелограф и толкувач на македонскиот музички фолклор. За време на неговата работа во „Танец“ се залагал за интензивно теренско истражување и следствено поставување на репертоарот на автентични ора и песни, со игроорци од теренот кои ги покажувале игрите со сите белези на традиционалните изведби.

Етномузиколог, композитор, диригент, педагог, собирач на македонски фолклор.

Музичка школа учел во Белград, а подоцна студирал композиција кај Јосип Славенски и Јуриј Арбатски. Работел како диригент на Академското пејачко друштво и како раководител на оркестарот при Домот на слепите во Земун. По Ослободувањето бил на повеќе важни функции во Скопје: шеф на Отсекот за уметност во Одделението за култура и уметност при АСНОМ, шеф на Отсекот за народна музика во Радио Скопје; еден од основ...

  • Автор

    ЖИВКО ФИРФОВ

  • 20.XI 1906, Велес - 21.VII 1984, Скопје

  • народно творештво

  • автор


Опус

Македонски музички фолклор I. 1953. Скопје: Кочо Рацин; Македонски народни ора. 1953. Скопје: Кочо Рацин; Македонски мелографи од крајот на 19 век. 1962. Скопје: Институт за фолклор, Оддел за народна музика и кореографија; – песни 2, 1961. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“; Македонски музички фолклор II. 1964. Скопје: Кочо Рацин. 


Библиографија

Марко Коловски. 2013. 47 македонски композитори. Скопје: Сојуз на композиторите на Македонија.

70 години Институт за фолклор „Марко Цепенков“ (1950 – 2020). 2020. Редакција д-р Зоранчо Малинов, д-р Катерина Петровска-Кузманова. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“.