Живот и дело

Ја воведува постмодерната во македонската драма и театар, а доминантна тема на неговиот опус е Балканот со неговите траумите и паранои.
драматург, драмски писател и сценарист.
Ја воведува постмодерната во македонската драма и театар, а доминантна тема на неговиот опус е Балканот со неговите траумите и паранои. Со посебно чувство за создавање ситуации, во драмите на Дуковски последиците од историските случувања се провлекуваат во сегашноста, условувајќи го карактерот и дејствувањето на современите, најчесто обични луѓе. Трагичното произлегува од незнаењето, недоразбирањето и неприфаќањето, оптоварено со баластот ...
  • Автор

    ДЕЈАН ДУКОВСКИ

  • 25.IV 1969, Скопје -

  • современа книжевност

  • драма


Опус

Балканска гротеска (1988), Последниот балкански вампир (1989), Силјан штркот шанца (1991), Џинот и седумте џуџиња (1991), Балканот не е мртов (1992), Буре барут (1994), Маме му ебам кој прв почна (1996), Дракула (2002), Другата страна (2004), Гласот на Хомер (2005), Галилео Галилеј (2006), Празен град (2007), Мухарем не е мртов (1989), Утерус (2009), Изгубени Германци (2011), Духот кој оди (2014).
Филмски сценарија:
Една ноќ во Лајка (краткометражен документарен филм, 2017), Балканот не е мртов (2013), Како во лош сон (базиран на текстот „Маме му ебам кој прв почна“) (2003), Ѕвонење во глава (2002), Буре барут (американски наслов „Кабаре Балкан“) (1995) копродукција на продуцентските куќи од Македонија, Франција, Германија, Турција, Југославија и Грција, Балкан блуз (краткометражен игран филм) (1998), Светло сиво (омнибус) (1993). Пишува и ТВ сценарија.
Книги

Едночинки, 2014; Драми, 2002; Драми. 2012. Скопје: Култура. 


Библиографија

Стојаноска, Ана. (2018) Театар : предизвик : студии и есеи  Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје.

Лужина, Јелена. (прир.). (2004). М.М.Е... – Антологија на новата европска драма. Скопје: Магор.

Лужина, Јелена. (прир.). (2007). Македонски театар – балкански контекст. Скопје: Факултет

за драмски уметности.