Живот и дело

Преплетувајќи ги факцијата и фикцијата, неантропоморфните и антропоморфните раскажувачи, сегашноста и минатото, гротескното и фантастичното, Михајловски трага по корените на она што се случува во современоста, претставувајќи го новиот историзицам во Македонија на начин достоен за респект.
раскажувач, романсиер, преведувач, универзитетски професор. Неговата проза е непрекината потрага по вредностите кои го чинат човечкото во човекот, неговиот личен и национален идентитет. Иако во неговите дела често се сретнуваат историски настани и личности, книжевноста на Михајловски целосно е свртен кон сегашноста. Преплетувајќи ги факцијата и фикцијата, неантропоморфните и антропоморфните раскажувачи, сегашноста и минатото, гротескното и фантастичното, тој трага по корените на она што се ...
  • Автор

    ДРАГИ МИХАЈЛОВСКИ

  • 16.X 1951, Битола - Скопје, 21.II 2022, погребан е во Битола

  • современа книжевност

  • автор


Опус

Речно улиште. 1981. Скопје: Книжевна младина на Македонија (раскази); Ѓон. 1990. Скопје; Култура (раскази); Скок со стап. 1994. Скопје: Македонска книга (раскази); Волшебното котле и други бајки. 1995. (книга за деца); Триполската капија1999. Скопје: Каприкорнус (раскази); Сиромавиот и чучурлигата. 2000. Скопје: Каприкорнус (книга за деца); Пророкот од Дискантрија. 2001. Скопје: Каприкорнус (роман); Смртта на дијакот2007. Скопје: Каприкорнус (роман); Раскази од шести кат. 2004. Скопје: Каприкорнус (раскази); Мојот Скендербеј. 2006. Скопје: Каприкорнус (роман); Бајазит и Оливера. 2009. Скопје: Каприкорнус (роман); Пат за рајот. 2017. Скопје: Три (збирка раскази и драми); Бдеењето на Одисеј. 2017. Скопје: Просветно дело (роман); Швајцарија на Балканите. 2015. Скопја: Каприкорнус (роман); Пагански времиња. 2019. Скопје: Просветно дело (роман); Автор е и на книгите: Нераспнати богови. 1991. Скопје: Табернакул; Под Вавилон – задачата на преведувачот. 2000. (докторат). 


Библиографија

Витанова-Стрезова, С. 2013. Дискурсот на Другиот: Иан Мекјуан, Драги Михајловски. Скопје: Универзитет Св. Кирил и Методиј“. Филолошки факултет „Блаже Конески“.

Ѓорѓиева-Димова, Марија:Наративните мемории како места на кoлективната меморија (наративната продуктивност на фигурите на меморија низ примери од македонскиот роман)“, http://www.stephanos.ru/izd/2014/2014_5_02.pdf

Младеновски, Р. 2005. Семантичка дезинтеграција и морална деградација на ликот во прозата на Димитар Солев и Драги Михајловски. Магистерски труд. Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје.

Младеновски, Р. 2006. Деконструкција на ликот во прозата на Драги Михајловски. Современост бр. 5, стр. 82-96.