Живот и дело

Пренџова, заедно со Лидија Димковска, во поезијата го воведува мотивот на преиспитување на општествената улога на жената. Преку јазични игри, дискретно го повикува читателот на конструктивно рушење на стереотипите.
поетеса, слемерка, антологичарка, есеистка и препејувачка. Таа, заедно со Лидија Димковска, во поезијата го воведува мотивот на преиспитување на општествената улога на жената. Преку јазични игри, дискретно го повикува читателот на конструктивно рушење на стереотипите. Поаѓајќи од ставот дека поезијата треба широко да биде слушната, таа успешно ја практикува и ја промовира слем-поезијата во Македонија.
 
  • Автор

    ЕЛЕНА ПРЕНЏОВА

  • 1985, Скопје -

  • современа книжевност

  • автор


Опус

Јас. 2006. Скопје: Современост (поезија); Таа. 2009. Скопје: Академски печат (поезија); Пораки од морето., 2011. Скопје: Дом на културата „Кочо Рацин“ (поезија); Антологија на младата македонска авангардна поезија. 2012. Уредник на изданието. Скопје: Феникс; Живот под ѕвездите. 2013. Скопје: Македонија презент (поезија); Политички коректна поезија. 2014. Скопје: Матица македонска (поезија); Љубољубна. 2014Радовиш: Караманови средби (поезија); Ова е моето последно молчење – Инклузивна антологија на современи македонски поетеси. 2016. Коуредник на изданието. Скопје: Антолог; Мини прирачник за поезија. 2017.  Скопје: Академски печат (сесии за поезијата); ШШШ! Интимистичка вајбер поезија. 2018. Скопје: Современост (поезија); Антологија на македонската слем-поезија. 2021. Прилеп: Театарска работилница. 


Библиографија

Клетников, Ефтим. 2013. „Меѓу хиперреалноста и имагинарната егзистенција“. Синтези бр. 30, стр. 33-35.

Мојсова-Чепишевска, Весна. 2016. „Јас сум таа што зема, јас сум таа што дава“ во: Ова е моето последно молчење: Панорама на актуелни современи македонски поетеси. Скопје: Антолог, стр. 229-234.

Стојановска, Марија. 2015. „За бизарната сегашност, разградбата и потребата од љубов“. Современост бр. 1, стр. 152-154

Џепароски, Иван. 2019. „Елена Пренџова и возвишеноста на поезијата и толкувањето“ во: Џепароски, Иван: Поезијата и возвишеното. Скопје: МИН.