Живот и дело

Неговиот дебитантски роман Очи со боја на чевли од книжевната критика беше обележан како настан, а неговите романи како оригинални нарации кои внесуваат новина во традицијата на македонската романсиерска реч.
поет, романсиер и преведувач.
Неговиот дебитантски роман Очи со боја на чевли од книжевната критика беше обележан како настан, а неговите романи како оригинални нарации кои внесуваат новина во традицијата на македонската романсиерска реч. Неговото творештво го следат константите: едноставен јазик, необични ситуации, лик-исклучок и, како последица, посветеност на начините на кои се конструираат личните идентитети.
Дипломирал на Катедрата за општа...
  • Автор

    ПЕТАР АНДОНОВСКИ

  • 27.I 1987, Куманово -

  • современа книжевност

  • автор


Опус

Ментален простор. 2008. Скопје: Академски печат (поезија); Очи со боја на чевли. 2013. Скопје: Кликер маркетинг (роман); Телото во кое треба да се живее. 2015. Скопје: Или-Или (роман); Страв од варвари. 2018. Скопје: Или-Или (роман); Лето во кое те нема. 2020. Скопје: Или-Или (роман).

 


Библиографија

Котеска, Јасна. 2016. „Роман за една нова наративна младост“ во: П. Андоновски. Очи со боја на чевли. Скопје: Или-Или, достапно и на Блесок бр. 96, http://www.blesok.com.mk/tekst.asp?lang=mac&tekst=1520).

Србиновска, Славица. 2016. „За една опсесија на погледот“ во: П. Андоновски. Очи со боја на чевли. Скопје:  Или-Или.

Ќорвезировска, Оливера. 2021. „K. како Крит, како квир и како клуч“ во Андоновски, Петар. Лето во кое те нема. Скопје: Или-Или, стр. 101-114.

Капушевска-Дракулевска, Лидија. 2020. „За варварите и за цивилизираните: Кон романот Страв од варвари од Петар Андоновски во Андоновски, Петар. Страв од варвари. Скопје: Или-Или, стр. 112-121.