Живот и дело

Една од најмладите авторки од македонскиот XIX век.

Просветен деец, публицистка. Авторка е на песна, драмолетка и повеќе есеистички записи останати во ракопис.

Милошова е родена во сиромашно семејство во Прилеп, каде што и го завршила основното образование. Бидејќи рано останала без татко, а потекнувала од многудетно семејство, со стипендија ѝ било овозможено да го продолжи школувањето најпрво во Битола, а потоа и во Солун. По завршувањето на гимназијата, познато е дека работела како учителка во Струга.

Во ракописната оставнина...

  • Автор

    АНАСТАСИЈА МИЛОШОВА (МИЛОШЕВА)

  • ок. 1880, Прилеп - ?

  • преродбенска книжевност

  • автор поезија драма


Опус

 Во ракопис: Пенка и Марика (драмски дијалог), 1896/1897; ненасловена песна без датум; „Рождество Христово“, „Чистота“ и др. (есеи) 1895/1896.


Библиографија

Ковилоски, Славчо. 2021. „Анастасија Милошова (Милошева) или скриената надеж на македонската литература од XIX век“. Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура. Скопје: Институт за македонска литература, стр. 179-193; Ковилоски, Славчо. 2022. „Непозната песна и есеи во ракопис на Анастасија Милошова од 1895 и 1896 година“. Палимпсест, бр. 13, стр. 167-173.