Живот и дело

Екстравагантноста и широката жанровска палета го прават Бошковски еден од најспецифичните автори во македонската книжевност.
македонски поет, раскажувач, есеист, преведувач и сликар.

Основно образование завршил во Крушево. Во 1954 г. завршил учителска школа во Битола. Неколку години работел како воспитувач во интернатот на О.У. „Никола Карев“ во Крушево, а потоа и како наставник по македонски јазик и музичко образование во селото Обршани. По доаѓањето во Скопје работел како новинар во „Радио Скопје“, „Вечерен репортер“, „Трудбеник“, „Вечер“ и&n...

  • Автор

    ЈОЗО Т. БОШКОВСКИ

  • 14. I. 1933, с. Острилци, Крушевско - 2. VIII. 2008, Скопје

  • современа книжевност

  • автор


Опус

Бој со гадурија. 1963. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Активен поет – говорник. 1966. Скопје: Нов свет (поезија); Македонска трагедија: (фантасмагорија). 1966. Скопје: Наша книга (поетска драма); Цветовина. 1969. Скопје: Нов свет (поезија и цртежи); Мудрости на сонцето - Знаја - Крајни консеквенции - Ликови со цвет : (фантасмагорија) . 1976. Скопје : Нов свет (поезија, есеи и цртежи); Умиште - глава на вселената. 1990. Napoli : Accademia d'Europa (монографија); Вечна река. 1980. Скопје: Јозо Т. Бошковски (поезија); Чудотворниот конец на убавината. 1980. Скопје: Нов свет. (есеи); Деца и цвеќиња и ѕвезди. 1981. Скопје: Нов свет (поезија за деца); Осветлен човек. 1984. Скопје: Култура (поезија); Big Bang. 1992. Скопје: Нов свет (поезија и есеи); Лек против смртта. 1994. Скопје: Нов свет (поезија и есеи); Скопската овца. 1996. Скопје: Нов свет (раскази); Умонаут. 1998. Скопје: Нов свет (поезија); Откопување на историјата: Атлантида вистинската и Македонија - високоцветна Македонија. 1981, 1998. Скопје: Нов свет (историја и поезија); Триумф на материјата. 2000. Скопје : Нов свет (есеи) ; Верзумот, Метеорски дождови, Пирамидиум, Рев на празнината, Вечната сфинга - уметноста: (алетиологија): дианопоезија, диано(по)етика. 2002. Скопје: Нов свет (поезија); Приказничарот Бошко Јонов од Острилци. 2002. Скопје: Нов свет (монографија); Орфеј. 2004. Скопје : Нов свет (поезија); Насмеано сонце. 2006. Скопје: Нов свет (поезија); Нејасни сили: технологија на стравот : (разорување на царството на студот) : понерологија и детериција. 2002. Скопје : Нов свет (есеј и поезија); Скопскиот озон: растока. 2008. Скопје : Нов свет (поезија). 


Библиографија

Ѓурчинов, Милан. 1994. „Јозо Т. БОШКОВСКИ: 60 и 46“ во Лек против смртта, Скопје: Нов свет; Мухиќ, Ферид. 1994. „Синтеза на ендемското и панспермичкото, Кон поезијата на Јозо Т. Бошковски“ во Лек против смртта, Скопје: Нов свет; Друговац, Миодраг. 1994. „Нова ерес Нервоизам (Јозо Т. Бошковски: „Биг бенг“, изд. Нов свет, Скопје, 1992)“ во Лек против смртта, Скопје: Нов свет.