Живот и дело

Поет, публицист и драмски автор. Во неговите дела, без разлика дали станува збор за публицистика, поезија или драмска форма, забележлива е свеста на авторот за создавање ангажирана литература.

 Роден е во Кочани, во револуционерно семејство. Неговиот татко Стефан Попиванов (1875-1938) е еден од најактивните членови на комунистичкото движење во Македонија. Семејството Попиванови се преселува во Софија, каде што Цеко Стефанов се запишува во гимназија, а неговиот татко се вклучува во бугарското социјалистичко движење, станувајќи близок соработник на Георги Димитров. Во 1920 година семејството се враќа во Кочани, а набргу потоа заминуваат за Белград. Потоа Цеко Стефанов Попиванов ...

  • Автор

    ЦЕКО СТЕФАНОВ – ПОПИВАНОВ

  • 27.IХ.1907, Кочани - 20.IХ.1944, Скопје

  • современа книжевност

  • автор поезија драма


Опус

 Документи.1932 (поезија, коавторство со Чедомир Миндеровиќ), Скопје, Немања; Мата Теглач. 1933 (поема), Скопје, Славија; Поданици ничије земље. 1940 (репортажи, коавторство со Р. Гогиќ), Белград, Балит; Пириначна поља. 1941 (избор од целокупното творештво), Скопје: Славија; Земјата. 1996 (драма), Скопје, Студентски збор.


Библиографија

 Друговац, Миодраг. 1990. Историја на македонската книжевност на ХХ век, Скопје: Мисла; Ристовски, Блаже. 1980. Македонскиот стих 1900-1944, Том 1 и 2., Скопје: Мисла; Ристовски, Блаже. 1982. Пројави и профили од македонската литературна историја. Том 1 и 2, Скопје: Студентски збор; Тодоровски, Томислав. 2008. Македонски дводомни писатели. Битола: Микена.