Живот и дело

Лафазановски како раскажувач е маестро на травестијата на кусите наративни форми, а како романсиер умее да прелета од громогласна смеа до морничаво откровение.

писател, раскажувач, романсиер, историчар и теоретичар на литературата,

  • Автор

    ЕРМИС ЛАФАЗАНОВСКИ

  • 8.XII 1961, Клуж, Романија -

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 Половина божилак. 1992. (раскази); Традиција, нарација, литература: влијанието на македонските народни приказни врз современата прозна литература од 20 век. 1996. (научна монографија); Благородник. 1997 (роман); Кога во Скопје ги беа измислиле чадорите. 1999 (раскази); Македонските космогониски легенди. 2000 (студија); Текст и менталитет. 2000 (монографија); Опишувач. 2001 (роман); Анрополошки дијалози. 2002 (есеи); Итар Пејо, Мариовецот. 2001 (зборник); Егзодусот на Македонците во Грција: Женските стории за Втората светска војна и нивниот егзодус. 2002 (монографија, заедно со Лидија Стојановиќ-Лафазановска); Роман за оружјето. 2003 (роман); Храпешко. 2007 (роман); Митови за создавањето на светот. 2007 (студија); Егзотична кантата. 2008 (раскази); Недела. 2010 (роман); Историја на луѓето кои умреа од страв. 2012 (роман); Туја. 2018 (раскази).


Библиографија

Аврамовска, Наташа. 2011. Во светот на зборовите. Скопје: Дијалог.

Георгиевска-Јаковлева, Лорета. 2008. Книжевноста и културната транзиција. Скопје: Институт за македонска литература.

Мојсова-Чепишевска, Весна. 2007. Мал книжевен тестамент. Скопје: Македонска реч.

Шелева, Елизабета. 2008. Домот на писмото. Скопје: Магор.

Улчар, Елка, 2006. „Личните имиња во романот Храпешко“ во Културен живот бр. 3-4. Скопје: Културен живот.