Живот и дело

Од сите собирачи на македонското народно творештво, Марко Цепенков има временски најдолга запишувачка практика - повеќе од 40 години собирал народни умотворби. Освен тоа, за разлика од другите најистакнати собирачи на македонските народни умотворби - браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев, Стефан Верковиќ, кои во својот фонд собрани фолклорни материјали имаат и такви што ги добиле од други запишувачи, Марко Цепенков лично самиот ги запишал своите фолклорни и етнолошки материјали.

најистакнатиот собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, етнографија, лингвистика и национална историја, етнограф и писател.
    Цепенков е роден во Прилеп во сиромашно семејство. Заради тешката материјална состојба, во училиште одел само една година кај познатиот културен деец Хаџи Поп Константин Динков, а потоа продолжил да го учи терзискиот занает. Подоцна во Струга учел и грчко училиште. Својата егзистенци...

  • Автор

    МАРКО К. ЦЕПЕНКОВ

  • Прилеп, 7 ноември 1829 - 29 декември 1920, Софија

  • народно творештво

  • автор


Опус

ОПУС:

Сказни и сторенија. Редактирал Блаже Конески. 1954. Скопје: Кочо Рацин; Марко К.Цепенков. Македонски народни приказни I-III. Редакција Кирил Пенушлиски. 1958-1959. Скопје; Марко K. Цепенков, Одбрани творби. Избор и коментар Гане Тодоровски. 1974. Скопје; Македонски народни умотворби I-X. Редакција: Кирил Пенушлиски, главен уредник, Блаже Ристовски, одговорен уредник, Томе Саздов, член на редакција. 1972. Скопје: Македонска книга и Институт за фолклор (второ издание. 1980. Скопје); Македонски народни приказни 1-5. Приредил Кирил Пенушлиски. 1989. Скопје: Македонска книга


Библиографија

БИБЛИОГРАФИЈА И ПОНАТАМОШНО ЧИТАЊЕ

Конески Блаже. 1973. „Марко К. Цепенков“. Македонската книжевност во книжевната критика I. Скопје: Мисла., Пенушлиски Кирил. 1999. Собирачките постигања на македонскиот фолклор, во Македонски фолклор (историски преглед). Скопје: Матица македонска, стр. 36-72., Саздов Томе. 1974. Марко К. Цепенков како собирач на македонски народни умотворби. Скопје: Мисла., --- Марко Цепенков, македонската народна култура и фолклористиката. Зборник на трудови од научниот собир по повод 190 години од раѓањето и 100 години од смртта на Марко Цепенков (1829-1920-2020). Приредувач: Катица Ќулафкова. 2021. Скопје: МАНУ., --- Симпозиум посветен на животот и делото на Марко К. Цепенков. Прилеп, 15-17 ноември 1979. 1982. Скопје: МАНУ и Прилеп: Друштво за наука и уметност.