Живот и дело

Пишувал на англиски јазик на теми од историјата, традицијата и идентитетот на македонскиот народ, воведувајќи ја со тоа македонската тема во американската литература од XX век. Американската книжевна критика пофално се искажува за неговото творештво, вклучувајќи го како автор во неколку книжевни енциклопедии.
Американски романсиер и раскажувач со македонско потекло.
 
Заминал во САД во 1911 година. Како економски емигрант успеал да се стекне со висока наобразба на Универзитетот „Валпаризо“ во Индијана (1918 – 1922) и потоа активно да се вклучи во американскиот општествен и културен живот. Соработувал со угледни американски весници и агенциски компании, меѓу кои и со „Њујорк тајмс“ и „Чикаго дејли њуз“. Бил воен известувач од ...
  • Автор

    СТОЈАН ХРИСТОВ

  • 15.III 1897, с. Кономлади, Костурско, Егејска Македонија - 24.I 1995, Томпсон Хаус, Вест Довер, САД

  • современа книжевност

  • автор проза роман расказ автор


Опус

Мојот американски аџилак. 1953. Скопје: Кочо Рацин (роман); Мара. 1985.Скопје: Македонска книга, Мисла, Култура (роман); Орелот и штркот. 1985. Скопје: Македонска книга, Мисла, Култура (роман); Лавот од Јанина. 1985. Скопје: Македонска книга, Мисла, Култура (роман); Невестата на доселеникот. 2010. Скопје: Дијалог. 


Библиографија

Алексиев, Александар. 1985. „Поговор“ во: Христов, Стојан. Орелот и штркот. Скопје: Македонска книга, Мисла, Култура, стр. 421-425; Радически, Науме. 2010. „Стојан Христов (1897 – 1995)“. Литературен збор бр. 4-6, стр. 95-104; Старделов, Георги. 1985. „Предговор“ во: Христов, Стојан. Мојот американски аџилак. Скопје: Македонска книга, Мисла, Култура, стр. 9-23; Тодоровски, Гане. 1992. „Информација од Александар Џукески, наменета за интерна употреба и за најпотребните известувања во врска со животот и делото на Стојан Христов“ во: Христов, Стојан. Македонска голгота. Приредил Раде Силјан. Скопје: Мисла, стр. 433-441; Цветановска, Даница Ј. 1993. Македонската традиција во делата на Стојан Христов. Скопје: Наша книга; Христов, Стојан. 1993. Раскази и записи. Скопје: Македонска книга.