Живот и дело

Видни претставници на македонската интелигенција од средината на XIX век.

 Браќата се познати и како фамилија ДРЖИЛОВИЧ, просветители, печатари, книжевници.

Потекнувале од богато трговско-занаетчиско семејство. Животните патишта на браќата Држиловци се испреплетени. Тие постојано настапувале како најблиски соработници. Во младите години, Константин се школувал во Мелник и Атина, каде што се образувал и Кирјак. Кон средината на XIX век, двајцата успеале да добијат дозвола за отворање печатница во Солун, која во прво време работела како грчка типо...

  • Автор

    КОНСТАНТИН (ДИНКАТА, ДИНКО) и КИРЈАК ДРЖИЛОВЕЦ,

  • Константин (ок. 1798/1820, с. Држилово, Негушко); Кирјак (прва деценија на XIX век, с. Држилово, Негушко) - Константин (1890, Солун); Кирјак (ок. 1877, Солун)

  • преродбенска книжевност

  • поезија автор


Опус

Константин Држиловец

Песни: „Благодателна“ и „До отечеството“. 2008. Книжевната преродба: Панорама на македонската поезија во XIX век.  Избор, предговор, редакција и белешки Гане Тодоровски. Битола: Микена, стр. 60-62.
Во ракопис: Повеќе писма упатени до Зографскиот манастир и до Стефан Верковиќ.

Библиографија

Андоновски, Христо. 1979. „Семејството Држиловци од Солун“ во: Школството, просветата и културата во Македонија во времето на Преродбата. Скопје: МАНУ; Верковиќ, Стефан И. 1985. Македонски народни умотворби, книга петта. Фолклорни и етнографски материјали. Подготвил и редактирал Кирил Пенушлиски. Скопје: Македонска книга; Миронска-Христовска, Валентина. 2005. Просветителството во Македонија. Скопје: ИМЛ; Ристовски, Блаже. 1958. „Кирјак Држилович, печатар и преродбеник во половината на XIX век“. Разгледи бр. 1, стр. 101; The Konikovo Gospel / Кониковско евангелие. 2008. Редактори Јоуко Линдстет, Људмил Спасов, Јухани Нуорлуото. Helsinki.