Живот и дело

Авторка со најмногу публицистички текстови во македонскиот XIX век. Дел од фамилијата Држиловци-Динкови.
Просветен деец, публицист.

Родена е во познатото преродбенско семејство Држиловци-Динкови, кое потекнувало од селото Држилово, Негушко. Динкова се школувала на грчки и француски јазик во Солун. Нејзината мајка Велика и братот Георги силно влијаеле врз нејзината одлука да го отвори првото македонско женско народно училиште во Солун, најверојатно во 1866 г. На часовите се одвивала скромна, но значајна програма, со изучување на &bdqu...

  • Автор

    СЛАВКА ДИНКОВА

  • 1848, Солун - 1869, Солун

  • преродбенска книжевност

  • автор автор автор


Опус

 Статии: „За Въспитанiето на дѣвойкытѣ“. 1868а. Македонiя, Цариградъ, брой 13; „Отъ Назирателството на Солунскытѣ българскы училища“. 1868б. Македонiя, Цариградъ, брой 13; „За Въспитанiето на дѣвойкытѣ“. 1868. Македонiя, Цариградъ, брой 14; „За Въспитанiето на дѣвойкытѣ“. 1868. Македонiя, Цариградъ, брой 15; „За Нравственното въспитанiе на момитѣ“. 1868. Македонiя, Цариградъ, брой 25; „Първитѣ воспитанiеви основи“. 1868. Македонiя Цариградъ, брой 26.


Библиографија

 Андоновски, Христо. 1979. „Семејството Држиловци од Солун“ во: Школството, просветата и културата во Македонија во времето на преродбата. Скопје: МАНУ; Ковилоски, Славчо. 2018. „Книжевно-просветната дејност на Славка Динкова“. Спектар бр. 71, стр. 27-38; Миронска-Христовска, Валентина. 2005. Просветителството во Македонија. Скопје: Институт за македонска литература; Ристовски, Блаже. 2011. Македонскиот преродбенски XIX век, прилози за македонската литературно-културна историја, Том I, прва книга. Скопје: Три.