Живот и дело

Поет решен „не да се крие“, туку „да се бие“.

 Револуционер, просветен деец, поет, фолклорист.

Образованието го стекнал во родното село, во Костур, Битола и во Солун. Кратко време учителствувал во Д’мбени. Учествувал во Илинденското востание како реонски војвода, при што имал повеќе судири со турскиот аскер. Во една од битките бил ранет и засолнет кај негов познајник, кој го предал и убил.

Поп Трајков е еден од најзначајните претставници на последната генерација на македонски поети од крајот на XIX и почет...

  • Автор

    ЛАЗАР ПОП ТРАЈКОВ

  • 1877/1878, Д’мбени, Костурско - 1903, Руља, Леринско

  • преродбенска книжевност

  • поема автор


Опус

Публицистика: „Положение на булката въ момковата кѫща“. 1897. Новини бр. 22, стр. 3; „Възстанието въ костурско“ (соавтор). 1903. Бюлетинъ на в. Автономия бр. 44, 45, 46 и 47.
Поема: „При ‘Локвата и Виняри’“. 1929. 20 юлий, год. I,6 юлий; „Локвата и Виняри“. 1929. Илюстрация Илинденъ к. 6 (16), стр. 8-10. 

Библиографија

 Друговац, Миодраг. 1990. Историја на македонската книжевност, XX век. Скопје: Мисла; Ковилоски, Славчо. 2014. „Лазар Поп Трајков како фолклорист и есеист“. Македоника бр. 9-10, стр. 168-174; Конески, Блаже. 1979. „Коментар кон преводот на поемата на Лазар Поп Трајков“ во: Лазар Поп Трајков. Локвата и Вињари. Скопје: Современост; Нинчовска, Мирјана. 2017. Лазар Поп Трајков: 1877 – 1903. Скопје: Филозофски факултет; Ристески, Стојан. 1980. Лазар Поптрајков, илинденски револуционер и поет. Битола: Развиток.