Живот и дело

„Не за фаленје ке кажа, оти није Македонциве од натурата не сме дарујани да валиме, и не валиме кон назад, кон мрак, а, напротив, наш отличен белег бил и је: бистрина на умот, лјубов кон науката и кон друзи трговски завзиманја“

 Просветен деец, општественик, публицист.

Се школувал во Охрид и Атина, а работел во училиштата во Одрин и Битола. Во Софија (1855), заедно со Коста Групче, Наум Евро и Васил Карајовов, го основале Тајниот македонски комитет (ТМК). Поради ширењето на идеите за одделна македонска народност, за воведување македонски јазик во училиштата и за обновување на Охридската архиепископија, ...

  • Автор

    ТЕМКО ПОПОВ

  • 1855, Охрид - 1929, Охрид

  • преродбенска книжевност

  • автор автор


Опус

 Кој је крив (без датум и место, најверојатно во 1887 г.) („Темко Попов, ‘Кој је крив’“. Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Том I. Скопје: Универзитет „Кирил и Методиј“,стр. 283-287); „Темко Попов до Деспот Баџовиќ“. 1981. Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Том I. Скопје: Универзитет „Кирил и Методиј“,стр. 278-279.

Во ракопис: Материјали што се чуваат во: Народната библиотека во Белград (фонд „Јован Хаџи Васиљевић“); во Државниот архив на Србија (Министарство иностраних дела, фонд „Политичко оддељење“; Ф. V).


Библиографија

 Ристовски, Блаже. 2001. Сознајби за јазикот, литературата и нацијата. Скопје: МАНУ; Стаматоски, Трајко. 1978. „Поглед на јазикот во статијата ‘Кој е крив’ на Темко Попов. Литературен збор бр. 2, стр. 45-50; Стаматоски, Трајко. 1996. „Писмото од Темко Попов до Деспот Баџовиќ од 1888 како документ за историјата на македонскиот јазик“. Македонскиот јазик во XIX век (зборник). Скопје: Филолошки факултет, стр. 173-182; Џамбазовски, Климент. 2006. Културно-општествените врски на Македонците со Србија во текот на XIX век (второ дополнето издание). Скопје: ИНИ.