Живот и дело

Просветен деец, општественик, учебникар, публицист. Соавтор на „Македонскиот буквар“

Просветен деец, општественик, учебникар, публицист.

Основното образование го стекнал во родниот град како ученик на Григор Прличев. Патувал во Романија, Виена, Трст и Софија, пред конечно да се насели во Цариград.

Соработувал со весниците: Голуб, Зорница, Новини, Цариградски гласник.

Неговите текстови, во ракопис или објавени, вклучуваат (пат)описни слики со етнографски и фолклорни елементи. Соработувал и со ...

  • Автор

    КОСТА ГРУПЧЕ

  • 1848, Охрид - 1907, Цариград

  • преродбенска книжевност

  • автор автор автор


Опус

 О Охриду и Охридском језеру. 1900. Цариград; Македонски буквар. 2008. Редакција д-р Катерина Тодоровска, Кирил Јордановски. Скопје: Менора; „Коста Групче и Наум Евро до Големиот Везир“ и „Наум Евро и Коста Групче до претставниците на Големите сили во Цариград“. 1981. Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Том I. Скопје: Универзитет „Кирил и Методиј“,стр. 276-278.

Во ракопис: Материјали што се чуваат во Белград: фонд „Јован Ристиќ“ во Српската академија на науките, Дипломатски архив (Савезни секретаријат иностраних дела), фонд „Јован Хаџи Васиљевић“ при Археографското одделение на Народната библиотека.

Материјали што се чуваат во Софија: фонд „Методиј Кусевич“ во Централниот државен архив.


Библиографија

 Гушевска, Лилјана. 2011. „Јазичните особености на Македонскиот буквар од Наум Евро и Коста Групче“. Спектар бр. 57, стр. 178-188; Ковилоски, Славчо. 2010. Патописот во македонскиот XIX век. Скопје: Современост; Ристовски, Блаже. 1983. Македонскиот народ и македонската нација, Том I. Скопје; Џамбазовски, Климент. 2006. Културно-општествените врски на Македонците со Србија во текот на XIX век (второ дополнето издание). Скопје: Институт за национална историја.