Живот и дело

Во неговото творештво подробно е обработена социјалната и етно-психолошката димензија на животот во Македонија.
КРСТИЌАНЃЕЛКО (1.XII 1871, с. Лабуништа, Струшко – 6.V 1952, c. Лабуништа, Струшко) македонски раскажувач, драмски автор и просветен работник од периодот меѓу двете светски војни, кој пишувал на српски јазик.
Поради тоа што потекнувал од сиромашно печалбарско семејство од с. Лабуништа, Крстиќ веќе во осмата година морал да замине со татко му на печалба во Белград. Истовремено работејќи и образувајќи се во Белград, тој го завршил основното у...
  • Автор

    АНЃЕЛКО КРСТИЌ

  • 1.XII 1871, с. Лабуништа, Струшко - 6.V 1952, c. Лабуништа, Струшко

  • современа книжевност

  • автор драма роман расказ


Опус

Раскази. 1932. Белград; Трајан. 1932. Скопје: Авторско издание (роман); Раскази. 1951. Белград.

 

ИЗВЕДУВАНИ:

 Заточеници. 1937. Изведена во Скопско народно позориште на 12 септември (драма).


Библиографија

Бошковски, Јован. 1954. „Вистините и заблудите на Анѓелко Крстиќ“ во: Современост, год. IV. бр. 5, стр. 329.; Радически, Науме. 2006. „Роман пред романот (‘Трајан’ од Анѓелко Крстиќ и ‘Мара’ од Стојан Христов)“ во: Литературна раскрсница. Скопје: Македонска реч, стр. 120-127.; Радически, Науме. 2006. „Анѓелко Крстиќ“ во: Литературна раскрсница. Скопје: Македонска реч, стр. 107-119.; Ристовски Блаже. 1982. „Расчекори помеѓу човекот и писателот: Анѓелко Крстиќ“ во: Појави и профили I. Скопје: Студентски збор, стр. 261-264.