Живот и дело

Драмата претставува реакција на Берлинскиот конгрес: „Македонецу, оди напред, како големиот Александар кој направил големи дела... Немој да се плашиш..., дигни го високо својот глас, барај го исполнувањето на постојниот устав! Барај слобода ... “.

 Учесник во Кресненското востание, автор на драмата Македонско востание или Коста Беровски Војвода – Народен подвиг, трагедија во две дејства, која и покрај тоа што е мала по обем, има големо значење за македонската литературна историја и за понатамошниот тек на развојот на драмската уметност. Драмата дава слика на востание, на серија борби во Источна Македонија во 1878 г., со што, барем досега, за првпат оваа тематика е воведена во драмска творба во XIX век.

...

  • Автор

    НИКОЛА (НИКОЛИЦА) МАКЕДОНСКИ

  • ? - ?

  • преродбенска книжевност

  • автор драма


Опус

 „Македонско възстание или Коста Беровски Войвода – народенъ подвигъ“, 1887, Плевен, издава ся съ иждивението и волята на Миленъ Ангеловъ войвода во: Македонски-сѫлзи или Злощастна Македония – И нейнитѣ злощастни синове. 1887. Търново.


Библиографија

 Илиќ, Воислав. 1988. „За авторството на Македонското востание“ во: Лице и маскa. Скопје: НИО „Студентски збор“, стр. 69 – 83; Миронска-Христовска, Валентина. 2009. „Почетоците на македонската драма (Македонски солзи од Никола Н. Македонски)“ во: Македонското прашање во литературниот 19 век. Скопје: Институт за македонска литература, стр. 119 – 132; Полјански-Андонов, Христо. 1981. „Учеството на Мирослав Хубмаер во Кресненското востание“ во: Одбрани дела, 2, Скопје: Мисла, стр. 368-370.