Живот и дело

Хаџи Папа Теодосиј архимандрит Синаитски, мирско име Теохар Гогов, е првиот македонски печатар заслужен за подготовката на условите за национална и културна прероба на македонскиот народ. Во својата печатница во Солун печател книги на македонски народен говор, преведувал разни молитви и богослужбени книги од грчки на словенски јазик и дејствувал во отфрлањето на грчкиот јазик и воведување на словенскиот јазик во црквата. Тој е автор на предговорот на Утешение грешним од Кирил Пејчиновиќ.

 За животот на Теодосиј најмногу податоци црпиме од народната традиција, според која тој учел грчки училишта во Цариград и откако ги завршил тогашните ќелијни школи, се вратил во Дојран каде што се запопил. Во Дојран останал сè до смртта на својата попадија, а потоа, според народното предание, барал место за да се смири. Во 1827/1828 г. оди на полуостровот Синај, во манастирот „Св. Катарина“, каде стапил во калуѓерскиот ред со новото име Теодосиј. Поради заслугите што ...

  • Автор

    ТЕОДОСИЈ СИНАИТСКИ

  • ок. 1780/1790, Дојран - ок. 1843, Дојран

  • преродбенска книжевност

  • автор


Опус

Predislo˜v∙e, haџi™ papa™ Éeodw˜s∙a a‹rhjmandr˜¶ta SÅŸnai˜˜tskagw, vq tŘpq Solu˜nsk·й, 1840.


Библиографија

 Георгиевски, Михајло. 1972. Македонската печатарска дејност (1515 – 1913). Скопје: Мисла, стр.64-71.

Миронска-Христовска, Валентина. 2005. „Печатарската дејност во просветителскиот период“, Просветителството во Македонија. Скопје: Институт за македонска литература, стр. 189-197.

Поленаковиќ, Харалампие. 1989. Избрани дела 3, Никулците на новата македонска книжевност. Скопје: Македонска книга, стр. 261-290.