Живот и дело

Првиот роман на Најческа – Пеперуга со натопени крилја, објавен во 1969 г., а напишан две години порано, се смета за прв роман од жена авторка објавен на стандардизиран македонски јазик.

Романсиерка, раскажувачка и поетеса. Средното образование и Правниот факултет ги завршува во Скопје. Во периодот од 1959 до 1969 г. работи како асистентка на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а потоа како новинарка во разни весници и списанија. Пишува и објавува од својата ученичка возраст. Нејзиниот прв расказ е отпечатен во сп. Иднина во 1950 година. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1969 година. Преведува од руски јаз...

  • Автор

    ДРАГИЦА НАЈЧЕСКА

  • 28.III 1933, Прилеп -

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 Пеперуга со натопени крилја. 1969. Скопје: Мисла (роман); Раскази. 1979. Скопје: Наша книга (раскази); Друга мајка. 1979. Скопје: НИО „Студентски збор“ (роман); Неспокој. 1988. Скопје: НИО „Студентски збор“ (поезија); Крстопати. 1995. Скопје: Наша книга (роман); За глувчето, мачките, за мечките, рипчињата, зајачињата, лисичињата и ... дечињата. 1997. Охрид: Летра (раскази за деца); Омраза – длабоко. 1998. Скопје: Гоце Делчев (роман); Доживотна јамка. 2004. Скопје: Нова наша книга (роман); Вратете ми го сонот. 2005. Скопје: Нова наша книга (поезија); И крв и смрт и надеж. 2015. Скопје: Фондација Македоника (поезија); Куќа на езеро. 2018. Скопје: авторско издание (роман); Распетие на душите. 2019. Скопје: авторско издание (поезија); Потрага по скриеното. 2020. Скопје: авторско издание (раскази). 


Библиографија

 Манојлов, Панде, 2019. „Во потрага по сродни души“, во: Најческа, Драгица: Распетие на душите. Скопје: авторско издание, стр. 7-8; Сталев, Георги. 2011. „Творештво кое открива хоризонти за поубава иднина на човештвото“, во:  Најческа, Драгица: Пеперуга со натопени крилја; Друга мајка. Скопје: Дијалог (Едиција Избрани дела), стр. 5-8; Сталев, Георги. 2011. „Роман што се чита ‘на еден здив’“, во: Најческа, Драгица: Омраза – длабоко. Скопје: Дијалог (Едиција Избрани дела), стр. 5-7; Смилевски, Гоце. 2023. „Кон јубилејот на Драгица Најческа“, во Стожер бр. 149(4/2023). Скопје: ДПМ, стр. 32-33; Ќорвезироска, Оливера. 2018. „Романескното лице на јубилеите" (Драгица Најческа: „Куќа на езеро". Скопје 2018), Стожер, бр. 129, стр. 35.