Живот и дело

Со својата рефлексивно-исповедна поезија од педесеттите и шеесеттите години на минатиот век има автентичен влог во развојот на македонската литература. Меѓу првите пишува лирски песни во проза, а посебно се истакнува и со квалитетна литература за деца.

 Поет, писател за деца, раскажувач и антологичар.

Со својата рефлексивно-исповедна поезија од педесеттите и шеесеттите години на минатиот век има автентичен влог во развојот на македонската литература. Меѓу првите пишува лирски песни...

  • Автор

    ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ

  • 10.VII 1930, Кратово -

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 Сончева порака. 1951. Скопје: Скопје: Кочо Рацин (поезија за деца); Јаготки. 1955. Скопје: Детска радост : Култура : Македонска книга : Мисла : Наша книга (раскази за деца); Добрина. 1956. Скопје: Култура (поезија); Што има ново. 1959. Скопје: Култура (поезија за деца); Свечености. 1964. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Предели. 1966. Скопје: Мисла (поезија); Сребрен поток. 1969. Скопје: Мисла (поезија); Планета со петел. 1976. Скопје: Култура (поезија за деца); Врски. 1982. Струга: Мисла (поезија); Нашите први учители. 1982. Скопје: Детска радост (повест за деца); Остануваме на Ножот. 1984. Скопје: Детска радост (повест за деца); Светот и ние. 1987. Скопје: Наша книга (поезија); Шинато уво. 1989. Скопје: Детска радост (поезија за деца); Дарби. 1990. Скопје: Детска радост (приказни за деца); Разговори со Конески. 1991. Скопје: Култура (разговори); Белата мечка, синиот кит и другите. 1998. Скопје: Матица македонска (поезија и проза за деца); Разговори со Милчин. 2001. Скопје: Матица македонска (разговори); Дождот. 2007. Скопје: Силсонс (хаику поезија); Малата голема точка. 2005. Скопје: Просветно дело, Редакција Детска радост (раскази за деца); Зоро златна и румена  прикази и приказни. 2015. Скопје: Галикул (есеи)


Библиографија

 Алексиев, Ацо: „Цане Андреевски: „Добрина“, Култура, 1956“. Млада литература, 1957, год. VII, бр. 1, стр. 57-63; Арсовски, Георги: „Таа сончевина – детството“. Развиток, 1986, год. XXIV, бр. 4-5, стр. 249-253; Бошковски, Петар Т.: „Цане Андреевски: ‘Свечености’“. Разгледи, 1965, год. VII, бр. 5, стр. 491-495; Петар Т. Бошковски: „Поет на добрината“ во: Есеи и критики, Скопје: Матица, 1997; Бошковски, Петар Т. 1987. „Цане Андреевски  поет на добрината“ во: Андреевски Цане. Светот и ние. Скопје: Наша книга; Друговац, Миодраг: „Цане Андреевски како детски писател“. Развиток, 1974, год. XII, бр. 6, стр. 446-451; Иванов, Благоја: „Цане Андреевски: Животот – неповторлива свеченост“. Разгледи, 1969, год. XI, бр. 4, стр. 348-352; Критичарите за творештвото на Цане Андреевски. Развиток, 1986, год. XXIV, бр. 4-5, стр. 230-241; М. Ц.: „Една порака“ (Цане Андреевски: „Сончева порака“, изд. на ДКУМ „Кочо Рацин“, Скопје, 1951). Млада литература, 1952, год. II, бр. 3, стр. 43-45; Митрев, Димитар. 1960. Повоени македонски поети  антологија. Скопје: Кочо Рацин.