Живот и дело

Поезијата на Анчевски се истакнува со воспоставена рамнотежа на стекнатото поетско знаење за поетската традиција од македонското и од англо-американското јазично подрачје и продорот на личниот поетски сенс и талент. Неговите стихови ги карактеризира ерудициско богатство проткаено со интимно доживување.
Поет, есеист, преведувач и антологичар, доктор по филолошки науки и професор по англо-американска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Поезијата на Анчевски се истакнува со воспоставена рамнотежа на стекнатото поетско знаење за поетската традиција од македонското и од англо-американското јазично подрачје и продорот на личниот поетски сенс и талент. Неговите стихови ги карактеризира ерудициско богатство проткаено со интимно доживување.
  • Автор

    ЗОРАН АНЧЕВСКИ

  • 16.V 1954, Скопје -

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 Патувања низ скршени слики. 1984. Кочани: ГРО „Младост“ (поезија); Стратегија на поразот. 1994. Скопје: Македонска книга (поезија); Линија на отпорот. 1998. Скопје: Култура (поезија); Превод на мртвите. 2000. Скопје: Три (поезија); Див мир. 2004. Скопје: Магор (поезија); За традицијата. 2007. Скопје: Магор (студија); Историја на ветрот. 2009. Скопје: Магор (поезија); Небесна пантомима. 2018. Скопје: Темплум (поезија); Збунети компаси. 2021. Скопје: Или-или (поезија); Коњски житија. 2023. Скопје: Арс ламина (поема).


Библиографија

 Андоновски, Венко. 1994. „Поетот како семиотички полиглот“ во: Анчевски, Зоран. Стратегија на поразот. Скопје: Македонска книга, стр. 79-83; Андоновски, Венко. 2000. „Белешка“ во: Анчевски, Зоран. Превод на мртвите. Скопје: Три; Вангелов, Атанас. 1984. „Убавото и безумното“ во: Анчевски, Зоран. Патувања низ скршени слики. Кочани: ГРО „Младост“, стр. 3-5; Ѓорѓиева-Димова, Марија „Пролегомена за современата македонска поезија“ Stephanos #2 (58) http://stephanos.ru [пристапено на 3.06.2023]; Стојчевски, Санде. 2008. „Стратегија на успехот“ во: Анчевски, Зоран. Избрани песни. Битола: Микена, стр. 5-15; Урошевиќ, Влада. 2009. Промотивен текст, „Копнежи по промени и страв од промени“ (За Историја на ветрот од Зоран Анчевски). Скопје: Магор.