Живот и дело

Уште во раните осумдесетти години на дваесеттиот век Чачански се истакнува со вештината на спроведување на постмодернистички наративни постапки во доменот на кусата проза, така што проследувачите на неговото творештво истакнуваат дека е „супериорен мајстор на расказот“ (Крстевски 2008: 6).

 Поет, раскажувач, романсиер и драмски автор. Уште во раните осумдесетти години на дваесеттиот век Чачански се истакнува со вештината на спроведување на постмодернистички наративни постапки во доменот на кусата проза, така што проследувачите на неговото творештво истакнуваат дека е „суп...

  • Автор

    КРСТЕ ЧАЧАНСКИ

  • 25. IХ 1949, с. Драслајца, Струшко - 13. VI 2003, с. Драслајца, Струшко

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 Бреговина. 1973. Скопје: НИО Студентски збор (поезија); Писма. 1982. Скопје: НИО Студентски збор (раскази); Лавиринт. 1992. Скопје: Наша книга (поезија); Бермудски триаголник. 1993. Скопје: Култура (раскази); Божјиот сон. 1994. Скопје: Мисла (роман); Азбукар. 1995. Струга: Народна матична библиотека „Димитрија и Константин Миладиновци“ (поезија за деца); Сенката на лилјакот. 1997. Скопје: Блесок (роман); Индиго и квазар. 1999. Прилеп: Кубоа (раскази); Книга на небото. 2000. Скопје: Култура (роман); Сириус. 1989. КСУ „Димитар Миладинов“, Шеснаесетта регионална драмска смотра (драма); Сириус; Сенката на лилјакот. 2004. Скопје: Макавеј (драматизации); На небото книга. 2008. Битола: Микена (роман).


Библиографија

 Бошковски, Петар Т. 2003. „Сонот и неговата цена“ во: Премрежето на критиката. Скопје: Матица македонска, стр. 146-148; Крстески, Трајче. 2008. „Чачански (или) мајсторот на расказот“ во: Чачански, Крсте: На небото книга. Битола: Микена, стр. 5-21; Мицковвиќ, Слободан. 1998. „Раскажувачката магија на Крсте Чачански“ во: Чачански, Крсте: Чутуранга. Скопје, стр. 171-177; Тасевска, Хаџи-Бошкова. 2012. „Во прангите на интерпретацијата – повеќе од дискурс, помалку од знак (Крсте Чачански и Данило Киш)“ Репозиториј на УКИМ https://repository.ukim.mk/handle/20.500.12188/7073 [пристапено на 1.10.2023г.]; Ќулавкова, Катица. 2000. „Од егзил до егзалтација: гротеска, епифанија, арабеска“ во: Ќулавкова, К. (прир.) Тајна одаја: Антологија на македонскиот расказ на ХХ век. Скопје: Три, стр. I – XXXVI.