ПОБРАТИМИ
1956
современа книжевност
роман
Преку овој спој на спротивности, Леов всушност креира еден лик, преку чие дејствување се прикажуваат сите карактеристики и битови обележја тоа време. Па така, низ главниот настан – процесот на добивање концесија за отворање на рудникот и соочувањето со бирократската, корумпирана и денационализаторска власт, тој исцртува низа карактери, типични ликови. Интригантството, остроумноста, лековерноста, корумпираноста и простодушноста се испреплетени во една функционална целина и се главните контури кои го движат животот. Леов го црпел богатиот материјал од родниот град и уметнички го трансформирал во реализам кој ја отсликува историјата на еден град и луѓето во него. На поширок план, овој роман е исечок од националната историја и економскиот и социјалниот развој на земјата во повоениот период. Без подлабоко психолошко портретирање, тој создава реализам на настани преку кој всушност го одразува животот меѓу Двете светски војни. (Т. Ќ.)
Митрев, Димитар. 1956. „Кон посовремената означеност на битовото“ (Јордан Леов: „Побратими“). Современост, год. VI, бр. 5: 382-395.; Каровски, Лазо.1979. „Творештвото на Јордан Леов“. Развиток, год. XVII, бр. 3-4: 241-266.; Критичарите за творештвото на Јордан Леов (Димитар Митрев, Јован Бошковски и др.). 1979. Развиток, год. XVII, бр. 3-4: 228- 236.; Писателот пред дванаесет прашалници: Јордан Леов. 1979. Развиток, год. XVII, бр. 3-4: 237-240