• Наслов

    ЛЕСНОВСКИ ПАРЕНЕСИС

  • Автор

    МОНАХ ТАХОТА

  • Година на издавање
  • Категорија

    средновековна книжевност

  • зборник

Опис на делото

Средновековен книжевен ракопис од 1353 година. Содржи 317 пергаментни листови напишани со кирилско старословенско писмо од монахот Тахота за чиј идентитет во палеославистиката постојат повеќе претпоставки. Овој ракопис е еден од најзначајните преписи на словенскиот превод на паренесисот. Според правописните и јазичните особености ракописот е произлезен од Лесновскиот книжевен центар. Лесновскиот паренесис содржи поучни слова од Ефрем Сирин. Во целиот ракопис биле застапени 110 слова, од кои се зачувани 98 слова. Ракописот започнува и завршува со делови од житието на Ефрем Сирин, во вид на предговор и поговор кон зборникот со неговите поучни слова. Структурата на текстот на ракописот послужил за пишувањето на Загрепскиот Махановиќев паренесис од 1353 година. На лист 316 се наоѓа запис од пишувачот на ракописот во кој се изнесуваат информации за пишувачот (монахот Тахота), за локацијата (Лесновскиот манастир) и за времето на пишувањето (во времето на деспот Јован Оливер). Ракописот се чува во три библиотеки ‒ најголемиот дел, 315 л. се чуваат во Народната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ во Софија, сигн. № 151, 1 л. се чува во Руската национална библиотека во Санкт Петербург, сигн. F.n.I. 63 и 1 л. во Народната библиотека во Белград (во Старата збирка), сигн. № 237. (С. П.-Ѓ.)


Библиографија

Велев, Илија. 1985. „Судбината на ракописите од Лесновскиот книжевен центар“. Современост, г. XXXV, бр. 3, стр. 48–53; Велев, Илија. 1996. Македонскиот книжевен XIV век. Скопје: Веда; Велев, Илија. 1997. Лесновскиот книжевен центар. Скопје: Мисла, Велев, Илија и Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2013. Ракописното наследство од Лесновскиот и од Марковиот манастир, Скопје: ИМЛ; Велев, Илија. 2014. Историја на македонската книжевност.Средновековна книжевност (IX-XIV век). т. 1. Скопје: Гирланда; Макаријоска, Лилјана. 2004. „За Лесновскиот паренесис од аспект на преведувачката постапка“; Преводите през XIV столетие на Балканите, 413–427. София: БАН; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија и Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2004. Творци на македонската литература (IX–XVIII век), Скопје: ИМЛ.