Живот и дело

Книжевен деец засведочен во запис како главен пишувач на Битолскиот триод во почетокот на XIII век, а во ракописот го испробале своето пишување уште тројца негови ученици и соработници: поп Тихослав, Драгиа и третиот анонимен.

Книжевен деец засведочен во запис како главен пишувач на Битолскиот триод  во почетокот на XIII век, а во ракописот го испробале своето пишување уште тројца негови ученици и соработници: поп Тихослав, Драгиа и третиот анонимен. Ракописот е пишуван со македонска јусова јазична редакција. Има специфична текстуална редакција на посен триод со паримии. Постои препис и на една стихира со содржина за тријазичните еретици против кои полемиз...

  • Автор

    ТЕОДОР ГРАМАТИК

  • XIII век - XIII век

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

Преписи:

Битолски триод. Почеток на XIII век. Пловдив: Пловдивска народна библиотека „Иван Вазов“, инв. бр. 57 (68). 


Библиографија

Велев, Илија. 2014. Историја на македонската книжевност. т. 1. Средновековна книжевност (IX-XIV век). Скопје: Гирланда, стр. 456; Петканова, Донка. 2003. Старобългарска литература. Енциклопедичен речник. Велико Търново: Абагар Велико Търново, стр. 505-506; Поп-Атанасов, Ѓорги. 1989. Речник на старата македонска литература. Скопје: Македонска книга, стр. 277-278; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија и Јакимовска-Тошиќ, Маја . 2004. Творци на македонската литература (IX-XVIII век). Скопје: ИМЛ, стр. 60-61; Поп-Атанасов, Ѓорги. 2017. Словенски ракописи од Македонија во странски ракописни збирки X-XIX век. Скопје: МАНУ, оп. бр. 66, стр. 83.