Живот и дело

Византиски мисионер, сесловенски просветител, кодификатор на старословенскиот богослужбен и книжевен јазик, устроител на првото словенско писмо – глаголицата, филозоф и книжевен творец.

Византиски мисионер, сесловенски просветител, кодификатор на старословенскиот богослужбен и книжевен јазик, устроител на првото словенско писмо – глаголицата, филозоф и книжевен творец. Во историографијата малку е познато за неговиот животен и творечки пат, зашто зачуваните извори имаат над сѐ легендарен или култен карактер, но и во тој период не било вообичаено да се составуваат автобиографии или биографии за истакнатите дејци. Тој бил роден во Солун како с...

  • Автор

    КОНСТАНТИН-КИРИЛ

  • Солун, 826/827 - 14. II 869, Рим

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

Оригинални творби:

Канон за св. Климент – папата Римски. 860/861; Расказ или Кратка историја за откривањето моштите на св. Климент – папата Римски. 860/861; Пофално слово за св. Климент – папата Римски. 860/861; Слово за преводот; Слово за вистинската вера; Молитвата кон Григориј Богослов; Молитвата кон Бога пред заминувањето во Цариград; Претсмртната молитва; Беседа против тријазичниците (Венецијанска беседа). 867; Проглас кон светото Евангелие.

 

Претпоставки за авторство:

Азбучната молитва; Прашања и одговори; Премудрост на св. Кирил Филозоф; Пасхалија; Молитва за покајание; Канон за пеење во секој ден.


Библиографија

Басотова, Љубинка и Радмила Угринова-Скаловска. 1989. Сведоштва за Кирил и Методиј. Скопје: Македонска книга, стр. 209-248; Велев, Илија. 2005. Византиско-македонски книжевни врски. Скопје: Велев И.; Штип : 2-ри Август С; Велев, Илија. 2013. Св. Константин-Кирил Филозоф. Скопје: Соларис принт; Велев, Илија. 2014. Историја на македонската книжевност. т. 1.Средновековна книжевност (IX-XIV век). Скопје: Гирланда, стр. 61-113; Велев, Илија. 2016.Свети Кирил и Методиј, рамноапостоли и сесловенски просветители. Скопје: УКИМ;  Алпеко груп; Илиевски, Петар Хр. 1999. Светила незаодни. Словенски првоучители и нивните ученици. Скопје: Матица македонска; Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2007. Кирилометодиевски книжевни проекции. Скопје: ИМЛ, стр. 61-74; Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2018. Култура и дијалог. Средновековни книжевни контексти. Скопје: Скопје: ИМЛ, стр. 64-80; Кирил Солунски, кн. 1 и 2. 1970. Скопје: МАНУ; Македонска книжевност IX-XVIII век. Избор, редакција, предговор, книжевно-историски коментари и белешки Илија Велев. Битола: Микена, стр. 23-33; Oblak, Vatroslav. 1896. Macedonische Studien. Viena; Панонски легенди. 1970. Превод: Радмила Угринова-Скаловска. Предговор: Харалампие Поленаковиќ. Скопје: Македонска книга; Поленаковиќ, Харалампие. 1973. Во мугрите на словенската писменост. Скопје: Мисла; Поп-Атанасов, Ѓорги. 2011. Старословенски кирилометодиевски извори. Скопје: Менора; Стојчевска-Антиќ, Вера. 1997. Историја на македонската книжевност. Средновековна книжевност. Скопје: Детска радост, стр. 55-101.