Живот и дело

Во богатото прозно и поетско творештво Башевски нурнува во вителот на егзистенцијалните и етичките проблеми на човековиот опстој. Многу често останува верен на преокупациите кои извираат од географијата, историјата и актуелноста на конкретното роднокрајно тло и кои под дејството на писателовата вештина се преобразуваат во универзални хуманистички пораки.

 

Романсиер, поет, раскажувач и преведувач. Во богатото прозно и поетско творештво Башевски нурнува во вителот на егзистенцијалните и етичките проблеми на човековиот опстој. Многу често останува верен на преокупациите кои извираат од географијата, историјата и актуелноста на конкретното роднокрајно тло и кои под дејството на писателовата вештина се преобразуваат во универзални хуманистички п...

  • Автор

    ДИМИТАР БАШЕВСКИ

  • 27.VI 1943, с. Ѓавато, Битолско -

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 

Туѓинец. 1969. Скопје: Мисла (роман); Враќање. 1972. Скопје: Мисла (раскази); Раска. 1974. Скопје: Мисла (роман); Нема смрт додека ѕвони. 1980. Скопје: Мисла (роман)Една година од животот на Иван Плевнеш. 1985. Скопје: Мисла (роман); Куќата на животот. 1987. Скопје: Наша книга (поезија); Сарајановскиот каранфил. 1990. Скопје: Македонска книга (роман); Привремен престој. 1995. Скопје: Македонска книга (поезија); Совладано време. 1998. Скопје: Македонска книга (поезија); Бунар. 2001. Скопје: Слово (роман); Дневникот на Ања. 2003. Скопје: Слово (роман за деца); Аголен камен. 2005. Скопје: Слово (поезија); Братот. 2007. Скопје: Слово (роман); Прозорци. 2010. Скопје: Слово (роман); Во дланката своја си гледам. 2010. Скопје: Слово (поезија); Белег. Сон. 2012. Скопје: Слово (поезија); Мајсторот. 2013. Скопје: Магор (раскази); Братот; Прозорци: нова верзија. 2015. Скопје: Слово (роман); Скршнувања. 2016. Скопје: Слово (поезија); Круг. 2017. Скопје: Слово (роман); Писма од карантин. 2021. Скопје: Слово (епистоларија); Дни, години. 2023. Скопје: Слово (поезија).

 


Библиографија

 

Бојаџиевска, Маја. 2013. „Книжевноста како етика“ во Башевски, Димитар: Избрани дела. Том 1. Скопје: Слово, стр. 7-20; Бошковски, Петар Т. 2003. „Зовот на првиот плач: за стихозбирката Привремен престој од Димитар Башевски“ во Премрежето на критиката. Скопје: Матица македонска, стр. 152-155; Клетников, Евтим. 2006. „Поет на синтетизирано искуство“, Синтези бр.5, стр. 24-25; Цветкоски, Бранко. 2018. Цитирано во Башевски, Димитар. Поезија, Избрани дела. Том 5. Скопје: Слово, стр. 176-177.