Живот и дело

Поезијата на Олга Арбулјевска, објавена во четири стихозбирки, открива нежен и суптилен поетски глас кој освојува со својата женскост, јазично-сликовна игривост и духовна длабочина.

 

Поетеса, есеистка, преведувачка и сликарка. Поезијата на Олга Арбулјевска, објавена во четири стихозбирки, открива нежен и суптилен поетски глас кој освојува со својата женскост, јазично-сликовна игривост и духовна длабочина.

Детството го минала во Берово и Скопје.

  • Автор

    ОЛГА АРБУЛЈЕВСКА

  • 25.VII 1949, Ниш, Србија - 6.VII 2018, Скопје

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 

Канурки. 1972. Скопје: Современост (поезија); Икителија. 1981. Скопје: Мисла (поезија); Светкамен. 1991. Скопје: Мисла (поезија); Ветрот на промените. 1992. Скопје: Македонска книга (есеи); Животница. 2006. Скопје: Македонска реч (поезија).


Библиографија

 

Друговац, Миодраг. 1990. Историја на македонската книжевност: ХХ век. Скопје: Мисла; Коцевски, Данило. 1973. „Што донесоа дебитантските книги?“. Разгледи год. 15 (21), бр. 1-2, јануари-февруари, стр. 194-203; Силјан, Раде. 1981. „Икителија“, поговор во Арбулјевска, Олга. Икителија. Скопје: Мисла; Силјан, Раде. 2010. Огледи за македонската поезија. Скопје: Матица македонска.