Живот и дело

Целото творештво на Чаповски е посветено на болната егејска тема која интензивно избликнува од неговата лична судбина на прогнаник од родниот егејски крај. Затоа фактите пренесени во неговиот книжевен свет, колку и да се преработени во имагинацијата, имаат специфична мемориска тежина и културолошко значење.
Романсиер, поет, раскажувач и публицист. Целото творештво на Чаповски е посветено на болната егејска тема која интензивно избликнува од неговата лична судбина на прогнаник од родниот егејски крај. Затоа фактите пренесени во неговиот книжевен свет, колку и да се преработени во имагинацијата, имаат специфична мемориска тежина и културолошко значење.
Од 1958 г. живее и работи во Скопје, каде што завршил Филозофски факултет. Работел како новинар во „Нова Македонија“, &bd...
  • Автор

    ИВАН ЧАПОВСКИ

  • 12.Х 1936, с. Пожарско, Воденско, Егејска Македонија -

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 

Пепел под маслините. 1963. Скопје: Култура (поезија); Дожд, по дождот Вера. 1965. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Евангелисти. 1969. Скопје: Македонска книга (поезија); Убавата Разделина 1973. Скопје: Македонска книга (поезија); Лаѓа. 1980. Скопје: Мисла (поезија); Граница. 1982. Скопје: Македонска книга (роман); Затвори. 1983. Скопје: Мисла (поезија); Магла. 1985. Скопје: Мисла (роман); Змија. 1989. Скопје: Мисла (роман); Дрвените мостови на Вардар. 1990. Скопје: Македонска книга (роман); Жените на летото. 1992. Скопје: Мисла (поезија); Крстан и Сирак. 1991. Скопје: Детска радост (роман за млади); Македонската православна црква „Св. Ѓорѓи“ – културна и национална дејност. 1992. Мелбурн: Јорк прес (хроника на македонски и на англиски јазик); Враќање на поетот во Меглен. 1994. Скопје: Македонска книга (поезија); Крв на еукалиптусот. 1996. Скопје: Македонска книга (роман); Сага за писателот. 1999. Скопје: Македонска книга (роман); Отровот на Тамарискот. 2002. Скопје: Култура (романизирана биографија на Павел Шатев); Тагата на Мајлс Франклин под Кајмакчалан. 2004. Скопје: Култура (роман); Поетот и убавата разделина. 2006. Скопје: Макавеј (поезија); Џелатот. 2008. Скопје: Макавеј (роман); Визија за Локвата и Вињари. 2010. Скопје: Матица македонска (раскази); Лазаровата ѕвезда над Њујорк. 2012. Скопје: Силсон (политичка хроника); Песна за стариот комита. 2014. Скопје: Матица македонска (избор поезија); Убавината и таинственоста на книгите. 2021. Скопје: Матица македонска (есеи).


Библиографија

 

Друговац, Миодраг. 1993. „Обнова на огледалото (Иван Чаповски: Жените на летото)“. Нова Македонија, 10 ноември; Макаријоска, Лилјана; Цубалевска, Мери. 2020. „Лексиката во творештвото на Иван Чаповски“ во: Македонскиот јазик – извор на филолошки и на културолошки истражувања [зборник на трудови] / ур. Лидија Тантуровска. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, стр. 223-234; Силјан, Раде. 2014. „Препознатлив поетски глас“, предговор во: Чаповски, Иван. Песна за стариот комита. Избрани дела – Том 1. Скопје: Матица македонска; Стојменска-Елзесер, Соња. 2013. „Одгласот на балканските војни во македонската проза: (врз примерот на романот Тагата на Мајлс Франклин под Кајмакчалан од Иван Чаповски)“ во Со посвета. Скопје: Дијалог, стр. 54-61.