Живот и дело

Литературната и историографска дејност на Никола Киров Мајски била од клучно значење за македонската литература од соцреалистичката фаза бидејќи автентично ја изразувала стварноста, била пишувана на македонски народен говор (Илинден, За Македонија, Сценки) и обработувала теми од секојдневието на Македонецот и македонската историја.
МАЈСКИ, НИКОЛА КИРОВ (28.VI 1880, Крушево – 2.VIII 1962, Софија), e македонски публицист, драмски автор, поет, раскажувач, револуционер и учител, емигрант, еден од идејните творци на Крушевската република и нејзиниот Манифест.
По завршувањето на основното образование во Крушево, Мајски го продолжува школувањето во Битола и Солун. Уште како млад, под влијание на семејството и неговиот учител Пере Тошев, се вклучува во тековите на М...
  • Автор

    НИКОЛА МАЈСКИ (КИРОВ)

  • 28.VI 1880, Крушево - 2.VIII 1962, Софија

  • современа книжевност

  • автор поезија драма расказ автор


Опус

ОБЈАВЕНИ: Крушово. 1909. Софија: Авторско издание (поезија и раскази); Илинден1923. Софија: Авторско издание (драма); Крушово и борбите му за слобода. 1935. Софија: (историографски труд); Светлосенки. 1942. Видин: (дваесет раскази и скици пишувани на бугарски јазик); Група бележити македонски револуционерни дејци. 1962. Софија: (историографски труд).
 

НЕОБЈАВЕНИ: За Македонија. 1956 (стихозбирка); Сценки. 1952 – 1956 (тринаесет едночинки); Леринско и моите спомени, Дел I и Дел II. 1947 (мемоарски запис); Страници из моја живота (спомени и преживелици). 1947; Епопеја на Крушово (романизирана хроника); Низ огнот на страдањето, Ѓурчин Наумов – Пљакот (историографски труд), Македонија под светлината на српски свидетелства (историографски труд). 


Библиографија

Алексиев, Александар. 1984. „Најавата и одгласот на Илинден во македонската драма и театар“ во: Низ литературното минато и сегашноста (огледи). Скопје: Култура. стр. 5-43.; Митрев, Димитар. 1987. „Одразот на илинденското востание во уметничката литература“ во: Избор од студии и есеи. Скопје: Македонска литература. стр. 45-87.; Поленаковиќ, Харалампие. 1966. „Драмолетите на Никола Киров Мајски“. Разгледи IX/3, 281-289.; Ристовски, Блаже. 1974. „Поетот Никола Киров Мајски (1980 – 1962)“. Современост XXIII/1-2 (јануари-февруари), стр. 92-112. ; Стоичовски, Благој. 1990. Никола Киров Мајски. Скопје: Мисла.