Живот и дело

Како романсиер се изделува со трилогијата биофикциски романи посветени на трауматичното искуство од престојот на Голи Оток. Попознат е како истражувач на почетоците и развојните насоки на македонската драмска литература и театар.
АЛЕКСИЕВАЛЕКСАНДАР (Кочани, 20.VIII 1929 – 22.II 2006, Скопје), романописец, театролог, критичар, книжевен историчар, преведувач, поет, новинар.
Гимназиско образование завршува во Штип, Филозофски факултет, група Македонски јазик и литература во Скопје. Бил на студиски престој за изучување на полскиот јазик и литература во Варшава.
Од 1953 г. работи како новинар во Културната редакција на Нова Македонија, а во 1954 г. се ...
  • Автор

    АЛЕКСАНДАР АЛЕКСИЕВ

  • Кочани, 20.VIII 1929 - 22.II 2006, Скопје

  • современа книжевност

  • автор поезија роман автор автор


Опус

ОБЈАВЕНИ:

Песни. 1955. Скопје (поезија); Основоположниците на македонската драмска литература. 1972. Скопје: Мисла (студии); Војдан Чернодрински. 1974. Скопје: Мисла (монографија); Антон Панов. 1974. Скопје: Мисла (монографија); Драмското творештво на Томе Арсовски. 1974. Скопје: Современост (монографија); Македонската драмска литература. 1976. Скопје: Детска радост (студии); Македонската драма меѓу двете светски војни. 1976. Скопје: Македонска книга (студија); Илинден и македонската драмска литература. 1983. Скопје: Македонска книга (студија); Низ литературното минато и сегашноста. 1984. Скопје: Култура (студии); Љубов за љубов. 1994. Кочани: Совет на аматерските и алтернативни театри – ФААТ (монографија); Деветте круга на пеколот. 2000. Скопје: Сигмапрес (роман); Потрага по традиција и континуитет: литературно-историски и театролошки истражувања. 2001. Скопје: Гоце Делчев (монографија); Чардак ни на небо ни на земја. 2003. Скопје: Сигмапрес (роман).

 

НЕОБЈАВЕНИ:  

Васил Иљоски како човек и хуманист. 1995. (монографија); Татковината е онаму каде што нè сакаат. 2004 (роман). 


Библиографија

Вангелов, Атанас. 2005. „Солженицин и Алексиев“.  Штип: СУМ год.10.бр.44. стр. 85-94.;   Ивановски, Иван. 2006. „Дело достојно за почит – Александар Алексиев“. Штип: СУМ год.11.бр.52. стр. 116-119.; Мојсиева-Гушева Јасмина. 2019. „За биографикциските романи на Александар Алексиев и феноменот „Голи Оток“ (по повод деведесет години од неговото раѓање). Стожер бр. 133 (4): стр. 36-39.