Живот и дело

Иако поезијата, како и расказите на Брадина не се претенциозни во смисла на неговите уметнички заложби и се со јасно изразена проблематична ориентација кон македонизмот, тие сепак се значајни за македонската книжевна историја, пред сè заради патриотизмот, разновидноста и континуитетот на книжевното творештво создавано од автори со македонско потекло и на македонска почва на почетокот од XX век
 СМИЉАНИЌ  БРАДИНАТОМО (13.VI 1888, Тресонче  – 10.V 1869, Белград), поет, прозен и драмски писател, автобиограф, просветен работник, етнограф и филолог, соработник на САНУ, експонент на великосрпската национална пропаганда во Македонија. Тој е интелектуалец од македонско потекло, антифашист, воин во една балканска и две светски војни, великосрпски воспитаник, кој „се надминува себе си со сам...
  • Автор

    ТОМО СМИЉАНИЌ – БРАДИНА

  • 13.VI 1888, Тресонче - 10.V 1869, Белград

  • современа книжевност

  • автор поезија драма расказ поема автор


Опус

 ОБЈАВЕНИ:

На планини и друге приповетке из Македоније. 1924. Скопје: књижара Ђире Зекмановића (раскази); Стојна и друге приповетке из Македоније. 1924. Скопје: књижара Ђире Зекмановића (раскази); Седи краљ. 1925. Скопје: Библиотека Македонија (спев); Канонска визитација Река. 1925. Скопје: с. Црква и живот. I.год.IV.бр.5-6. II.год IV. Бр7-8. (цртичка); Маќедонски печалбари. 1927. Прилеп: Штампарија Б.Блажевић (Старовремска библиотека). (драма во 5 чина); Песмарица. 1929. Скопје: Књижара Јована Поповића (поезија); Краљ слободар – Краљ миротворац. 1936. Скопје: Старовремска библиотека. (поема); Идеалисти. 1937. Скопје: Јужни преглед (првиот чин од драмата).

 

НЕОБЈАВЕНИ:                                                                                                

 Смиље и босиље, 1906 – 1911 (раскази за деца); Горјани, 1936 – 1939 (роман); Моје успомене од 1912 (мемоари) Архив, МАНУ.


Библиографија

 Друговац, Миодраг. 1990. „Томо Смиљаниќ-Брадина“ во: Историја на македонската книжевност XX в. Скопје: Мисла. стр.101-105.; Ристовски, Блаже. 1980. „Томо Смиљаниќ-Брадина“ во: Македонскиот стих 1900 – 1944. Истражувања и материјали I. Скопје: Мисла. стр. 133–164.; Стојановска, Јованка. 1994. Книжевното и научно дело на Томо Смиљаниќ – Брадина. Скопје: Матица македонска.