Живот и дело

Во македонската книжевна историја Рацин се истакнува како еден од основоположниците на македонската современа поезија и проза. Неговото уметничко и критичко творештво е високо вреднувано од книжевната критика, особено збирката Бели мугри која била широко прифатена од Македонците низ просторите на поранешна Југославија и Бугарија.
РАЦИН – СОЛЕВ, КОСТА (22.XII 1908, Велес – 13.VI 1943, Лопушник) македонски писател, еден од основоположниците на современата македонска поезија и проза. Познат е по прекарот Рацин, што го зел од својата сакана Рахилка Фирфова – Раца (за што пишува во една од картичките испратени до неа). Објавувал и под псевдонимот Невен Пејко, што го зел од неговата подоцнежна сакана – Невенка Вујиќ.<...
  • Автор

    КОСТА РАЦИН – СОЛЕВ

  • 22.XII 1908, Велес - 13.VI 1943, Лопушник

  • современа книжевност

  • автор поезија роман расказ автор


Опус

ОБЈАВЕНИ:

Рацин К., Ѓорѓевиќ Ј., Аксиќ А. 32. 1932. Скопје: Авторско издание (поезија); Опиум. 1933. Загреб: Литература, год. III, бр. 5 и 6. (делови од роман); Бели мугри. 1939. Загреб: Илегално издание (поезија). Македонски народно-ослободителни песни. Приредил К. Рацин. 1943. Лопушник: Печатница „Гоце Делчев“ (поезија).

 

НЕОБЈАВЕНИ:

Стихови од маладините. 1928 – 1929 (поезија); Антологија на болката. 1928 – 1929 (поезија); Огномет. 1928 – 1938 (поезија).


Библиографија

Деведесет години од раѓањето на Никола Вапцаров. 2001. Скопје: Институт за македонска литература.;  Ивановиќ, Радомир. 1979. Поетиката на Коста Рацин. Скопје: Македонска ревија.; Мојсова-Чепишевска, Весна. 2000. Рацин и експресионизмот. Скопје: Менора.;  Наневски, Душко. 1983. Поетот Рацин. Скопје: Студентски збор.; Николовска, Искра. 1997. Функцијата на клишето во Рациновите Бели мугри. Скопје: Институт за македонска литература.;  Рацин, Солев, Коста. 1987. Животопис. Приредил П. Коробар. Скопје: Наша книга.;  Ристовски, Блаже. 2009. Животот и делото на Кочо Рацин (1908 – 1943). Скопје: Матица.;  Тодоровски, Гане. 2007. Книга за Рацин. Скопје: Штрк.