Живот и дело

Со своето поетско и научно дело В. И. Илиќ дал значаен придонес во афирмацијата на македонскиот јазик и култура на просторите на поранешна Југославија и видливо го збогатил македонскиот поетски израз во однос на содржината и версификацијата.
ИЛИЌИ. ВОИСЛАВ (1.V 1916, с. Баништа, Дебарско – 21.IV 1988, Белград) е поет, есеист, научник и педагог, познат под псевдонимите В. И. – Најмлаѓи, Воја Илијашевиќ, В. Вардарски, Монах Тигровски, Војислав Ќили, Voil, В. Тантурски, Чен Кај Шек и др.
Роден е во с. Баништа, во фамилија која во Дебар била позната по презимето Тантуревци, добиена по стрико му Јован Тантуре (народен поет), за којшто подоцна Илиќ напишал научна статија. На ше...
  • Автор

    ВОИСЛАВ ИЛИЌ И.

  • 1.V 1916, с. Баништа, Дебарско - 21.IV 1988, Белград

  • современа книжевност

  • автор поезија драма поема автор


Опус

Распињања и умирања. 1935. Битољ: штампарија Ђуре Јакшић (стихозбирка); Аспекти. 1936. Битола (стихозбирка); Огњени сигнали. 1948. Белград: VII реонски одбор савеза просветних радника (сонетен венец); Време и река. 1975. Скопје: Современост (стихозбирка); Небо може да чека. 1984. Белград; Новела (стихозбирка). Токови македонске књижевности. 1976. Приштина: Јединство (огледи и студии).

 

ПОСТХУМНО ОБЈАВЕНИ:  

Револуционер. 1988. Гевгелија: Дојрански ракувања (драма од Димитар Хаџидинев што ја пронашол Илиќ); Лице и маски. 1988. Скопје: Студентски збор (монографија за В. Чернодрински. Приредил С. Ристевски); Раце над езерото. 1990. Превод и подготовка С. Ристевски. Скопје: Студентски збор (драма); Стари песни. 1996. Предговор С. Ристевски. Охрид: Macedonia prima (поезија); Живи птици. 1996. Предговор С. Ристевски. Струга: Ирис.  (поезија); Лирски букет. 1997. Предговор С. Ристевски. Охрид: Македонија прима (поезија).


Библиографија

 Друговац, Миодраг. 1990. „Воислав И. Илиќ“ во: Историја на македонската книжевност ХХ век. Скопје: Мисла, стр. 221-231.; Ристовски, Блаже. 1980. „Воислав И. Илиќ“ во: Македонскиот стих 1900 – 1944. Истражувања и материјали I. Скопје: Мисла, стр. 212-226.;  Стојановска-Друговац, Јованка. 1997. Блесок и траење. Скопје: Култура и Институт за македонска литература.