Живот и дело

Покрај секојдневните обврски како новинар, публицист, општественик и револуционер, Јовков создал и впечатливо поетско дело од кое поголемиот дел останало во ракопис.
ЈОВКОВ, АРСЕНИЈ (25.III 1884, с. Селци, Струшко – 14.IX 1924, Горна Џумаја) македонски револуционер, општественик, емигрант, поет, публицист, зачетник и уредник на весници, филмски сценарист, познат по прекарите Пејко Селички и Стар Чинар.
Се образувал во Дебар и Битола. Уште како млад се вклучил во револуционерното движење и зел активно учество во Илинденското востание како секретар во реонска чета. По пропаѓа...
  • Автор

    АРСЕНИЈ ЈОВКОВ

  • 25.III 1884, с. Селци, Струшко - 14.IX 1924, Горна Џумаја

  • современа книжевност

  • автор поезија роман поема автор


Опус

Проклетина. 1905. Варна: С. Дулгарев (поема). Необјавени: Стихотворби пишувани во Битола. 1900 – 1901 (поезија); Лирика. 1904-1906. Софија и Варна (збирка поезија); Албански легенди. 1904 – 1906 (поезија); Јасногрејци. 1905. Варна (поема); Стихотворби. 1912 – 1916 (збирка поезија); Љуље Бургас. 1912 (поема); Илинден. 1914-1924 (роман во стихови). 


Библиографија

Алексиев, Александар. 1984. „Револуционерните премрежја и поетските копнежи на Арсениј Јовков“ во: Низ литературното минато и сегашноста. Скопје: Култура, стр. 72-88; Биобиблиографија на Арсениј Јовков. Напишана од неговите ќерки. Скопје: Архив на МАНУ; Миронска-Христовска, Валентина. 2010. „Творештвото на Арсени Јовков – одраз на македонската културно-историска традиција“. Philological studies. Vol. 8 no.1. p. 257-266; Мокров, Боро. 1988. Арсениј Јовков (журналистика). Скопје: Студентски збор; Радически, Науме. 2006. „Поетските релации на Арсениј Јовков“ во: Литературна раскрсница. Скопје: Македонска реч, стр. 94-105; Тоциновски, Васил. 2002. „Поетот Арсениј Јовков“ во: Време минато и сегашно“. Скопје: Институт за македонска литература, стр. 7-18.