Живот и дело

Таа ја бара пред сè природноста, спонтаноста на природните појави; наспроти артифициелното и традиционалното се движи по рабовите на личното и интимното, сетилното и телесното, конкретното и секојдневното, успевајќи да им даде некоја метафизичка аура и едно мошне широко, универзално значење преку хумор и (само)иронија.
македонска поетеса, прозаистка и преведувачка. Важи за исклучителна поетска природа која е самосвојна, оригинална и која тешко може да се вдоми во постојните поетичко-типолошки определби. Поезијата на Дирјан претставува побуна против конвенционалното; тоа е поезија на постојани пречекорувања на границите која е, речиси по правило, императивна, пркосна и радикално Друга. Оттаму и нејзините две најважни одлики: депоетизацијата – на естетски и нонко...
  • Автор

    ЛИЛЈАНА ДИРЈАН

  • 16.VI 1953, Скопје - 13.XII 2017, Скопје

  • современа книжевност

  • автор поезија


Опус

 Природна појава. 1980. Скопје: Мисла (поезија); Жива мера. 1985. Скопје: Наша книга (поезија); Пелин поле. 1989. Скопје: Мисла (поезија); Тешка свила. 1997. Скопје: Матица македонска (поезија); Приватни светови. 2007. Скопје: Независни писатели на Македонија (поезија и проза); Саѓе врз снегот. 2007. Скопје: Независни писатели на Македонија (колумни и патописи); Снег за двајца. 2011. Скопје: Независни писатели на Македонија (проза); Вагон-ресторан. 2020. Скопје: Полица (патописна проза, постхумно). 


Библиографија

 Старделов, Георги. 2008. „Лилјана Дирјан (1953). Стварноста е сè“. Херменевтика на новата македонска книжевност. Избор и предговор: К. Ќулавкова. Битола: Микена, 413-418.; Ќулавкова, Катица. 2000. „Македонското женско писмо: од опозиција до коњукција: Светлана Христова Јоциќ (1941), Весна Ацевска (1952), Лилјана Дирјан (1953) и Вера Чејковска (1954)“. Предавања на XXXII Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура (Охрид, 9-26 август 1999 година). Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, 311-322.; Урошевиќ, Влада. 1980. „Поетот како природна појава“. Поговор во: Лилјана Дирјан, Природна појава. Скопје: Мисла, 85-86.; Урошевиќ, Влада. 2019. „Во чест на Лилјана Дирјан“. МАНУскрипт, бр. 2, 183-186.; Шелева, Е. 2008. „Осило – наслада: Поетската дивина на Лилјана Дирјан“. Предговор во: Л. Дирјан. Светот, мојот брат. Битола, Микена, 5-29.