Живот и дело

Стале Попов е автор на вториот македонски роман „Крпен живот“ и ги поставува темелите на македонскиот роман како жанр, втемелен на искуството на народниот раскажувач и надоврзан на наративната структура на преданието.
Роден е во малото селото Мелница, а детството го минува во Витолиште, Мариовско. Тука го започнал образованието, кај учителот Бино, кого подоцна често ќе го споменува во своите дела. На 14-годишна возраст оди во Прилеп, каде и прв пат се вработува и се запишува во 
  • Автор

    СТАЛЕ ПОПОВ

  • 25.V 1902, с. Мелница, Прилепско - 10.III 1965, Скопје

  • современа книжевност

  • роман


Опус

Крпен живот. 1953. Скопје: Кочо Рацин (роман); Итар Пејо. 1955. (хумористични раскази); Опасна печалба. 1956. Скопје: Култура (подолга проза); Толе Паша. 1956. Скопје: Кочо Рацин (роман); Калеш Анѓа. 1958. Скопје: Култура (роман); Дилбер Стана. 1958. Скопје: Кочо Рацин (роман); Мариовски панаѓур. 1961. Скопје: Кочо Рацин (новела); Помеѓу небото и земјата. 1963. Скопје: Народна задруга (раскази); Шаќир војвода. 1966. Скопје: Наша книга (романизирана биографија); Необично дете. 1966. Скопје: Наша книга (роман); Доктор Орешковски. 1966. Скопје: Наша книга (роман).

Собрани дела на Стале Попов се објавени во 1966 (Скопје: Наша книга) и 1976 (Скопје: Наша книга) 12 тома, а во 1987 во 4 тома.   


Библиографија

Алексиев, Ацо. 1961. „На своја почва“ (Стале Попов: „Мариовскиот панаѓур“). Современост бр. 10, стр. 1025-1029.

Друговац, Миодраг. 1990. Историја на македонската книжевност ⅩⅩ век. Скопје: Мисла.

Иванов, Благоја. 1958. „Стале Попов: Калеш Анѓа“. Разгледи бр. 4, стр. 478-481.

Иванов, Благоја. 1961. „Стале Попов: Мариовски панаѓур“. Разгледи бр. 3, стр. 285-288.

Китевски, Марко. 1981. „Стале Попов и народните приказни“. Современост бр. 5-6, стр. 74-79.

Стојановиќ, Мирољуб М. 1980. „Некои позначајни остварувања од литературната оставнина на Стале Попов“. Културен живот бр. 9, стр. 27-29.

Стојановиќ, Мирољуб М. 1997. „Контроверзиите во животот на Стале Попов“. Спектар бр. 29, стр. 71-82.

Џукески, Александар. 1959. „Стале Попов: Калеш Анѓа“. Стремеж бр. 3, стр. 50-52.