Живот и дело

Со сета своја плодна активност во Македонија, неспорно е дека Верковиќ е еден од стожерите на македонската преродба, кој влијаел на македонските интелектуалци во борбата против фанариотите и во издигање на свеста за значењето на фолклорната дејност. Иако неговиот зборник ги нема квалитетите како зборникот на браќата Миладиновци, сепак претставува прв и мошне драгоцен прилог за македонската народна поезија.

Босански фратер, археолог, собирач и публикувач на македонски народни умотворби, особено значаен заради зборникот Народне песме македонски Бугара (1860), прва објавена збирка со македонски народни песни.

Роден во сиромашно босанско семејство и рано останат сирак, Верковиќ најпрвин се школувал три години во фрањевски манастир Толиса, па во сутинскиот манастир во кој останал пет години, со што станал редовник-фратар. Своето теолошко образование го продолжил во ...

  • Автор

    СТЕФАН И. ВЕРКОВИЌ

  • с. Угљара, Босна, 5.III 1821 - 30.XII 1893, Софија

  • народно творештво

  • автор автор


Опус

Опус

Народне песме Македонски Бугара. Скупио Стефанъ И. Верковићъ. Књига прва, Женске песме. 1860. Београд;П. А. Лавров. Сборник Верковича. I. Народнъıе песни Македонских Болгар. Сборник ОтделеніяРусскаго язъıка и словесности Российской Академіи наук. XCV. Н° 5 и последній. 1920. Петроград; Lidové povídky jihomakedonské, z rukopisu St. Verkovičovych vydali Petr. A. Lavrov a Jirži Polivka. Rozpravy češké Akademie vĕd a umĕni, trída III, čislo 70. 1932. V Praze; Зборник Македонски народни песни. Собрани од Стефан И. Верковиќ. Редакција и предговор Кирил Пенушлиски. 1961. Скопје;Македонски народни песни, Книга 1-5. 1985.Подготвил и редактирал Кирил Пенушлиски. Скопје: Македонска книга.

 

Библиографија

Библиографија и понатамошно читање:
 

Пенушлиски Кирил (1985) „Стефан И. Верковиќ“. во Стефан И. Верковиќ, Македонски народни песни, Книга прва – Женски песни. Подготвил и редактирал Кирил Пенушлиски. Скопје: Македонска книга, стр. 7-74.

Пенушлиски Кирил (1985) „Предговор“. во Стефан И. Верковиќ, Македонски народни песни, Книга трета – Јуначки и трапезариски песни. Подготвил и редактирал Кирил Пенушлиски. Скопје: Македонска книга, стр. 5-18.

Пенушлиски Кирил (1985) „Кон Зборникот „Јужномакедонски народни приказни“ во Стефан И. Верковиќ, Македонски народни песни, Книга четврта – Јужномакедонски народни приказни. Подготвил и редактирал Кирил Пенушлиски. Скопје: Македонска книга, стр. 5-19.