Живот и дело

Продорот на книжевната сцена го остварува преку книжевната група „Петти круг“, која е значајна во процесот на трансформација на македонската проза преку воведување постмодернистички книжевни постапки во текот на осумдесеттите години од ХХ век. Неговата проза предничи во интермедијалните творечки преплетувања и во етаблирањето на борхесовските книжевни идеи во македонската култура.
Раскажувач, романсиер, есеист и сликар. Продорот на книжевната сцена го остварува преку книжевната група „Петти круг“, која е значајна во процесот на трансформација на македонската проза преку воведување постмодернистички книжевни постапки во текот на осумдесеттите години од ХХ век. Неговата проза предничи во интермедијалните творечки преплетувања и во етаблирањето на борхесовските книжевни идеи во македонската култура.
 
За...
  • Автор

    ДИМИТРИЕ ДУРАЦОВСКИ

  • 15.II 1952, Струга -

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 Тајна историја. 1986. Скопје: Млад борец (раскази); Црни пророци. 1996. Скопје: Феникс (раскази); Insomnia. 2001. Скопје: Магор (роман); Бледи сенки, далечни гласови2014. Скопје: Магор (роман).

  


Библиографија

 Алаѓозовски, Роберт. 2014. „Постмодерна носталгија“. https://okno.mk/node/51253 [пристапено на 1.10.2023 г.]; Дамјановски, Милан. 2019. „Аспектите на постмодерното раскажување во романите на Лафазановски, Дурацовски и Андоновски“. VERMILION International Journal of Literature and Artстр. 27-46 https://repository.ukim.mk [пристапено на 1.10.2023 г.]; Мартиновски, Владимир. 2015. „Метаморфозите на лавиринтите во современиот македонски расказ“. Блесок 101-102 https://blesok.mk/mk/ [пристапено на 1.10.2023 г.]; Прокопиев, Александар. 1986. „Кон духовната трансмутација“. Современост бр. 10; Прокопиев, Александар. 2000. Постмодерен Вавилон. Скопје: Институт за македонска литература; Стојменска-Елзесер, Соња. 2006. „Неколку раскази со експлицитна интертекстуалност“. Спектар бр. 47; Шелева, Елизабета. 2014. „Во дијалог со немиот – како и што памети писмото?“ во: Дурацовски, Димитрие: Бледи сенки, далечни гласови. Скопје: Магор.