Живот и дело

Препознатлива е како преведувачка и врвна афирматорка на руските книжевни вредности во македонската културна средина. На обемниот преведувачки опус, кој опфаќа и класични и современи дела од руската литература, се надоврзува и нејзиното автентично прозно творештво на македонски јазик, во кое доминираат мотивско-тематски јазли поврзани со руската емиграција.

 Романсиерка, раскажувачка, книжевна преведувачка и приредувачка на антологии. Препознатлива е како преведувачка и врвна афирматорка на руските книжевни вредности во македонската културна средина. На обемниот преведувачки опус, кој опфаќа и класични и современи дела од руската литература, се надоврзува и нејзиното авт...

  • Автор

    ТАЊА УРОШЕВИЌ

  • 26. I 1936, Бендери, Р. Молдавија - 10. III 2020, Скопје

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 Аквамарин. 2004. Скопје: Магор (роман); Превид. 2008. Скопје: Магор (роман); Црвена нишка  железен прстен. 2009. Скопје: Магор (раскази); Три новели. 2017. Скопје: Магор (новели); Размена на пораки. 2018. Скопје: Магор (заедничка книга со Влада Урошевиќ); Ура, Арал! 2019. Скопје: Темплум (новела); Еден сив мартовски ден. 2021, постхумно. Скопје: Или-или (роман).

 


Библиографија

 Баковска, Елизабета. 2020. „Затвори го ова лето во кутија од слама: Љубовното писмо на авторката во заминување (кон расказот ‘Крајот на сезоната’ од Тања Урошевиќ)“ https://www.academia.edu/44956769 [пристапено на 5.10.2023]; Капушевска-Дракулевска, Лидија. 2018. „Внатрешни гласови“ во: Мозаик од гласови. Скопје: Магор, стр. 229-233; Колбе, Кица. „За Тања Урошевиќ“. Окно, 11.3.2020. https://okno.mk/node/83431 [пристапено на 18.7.2020]; Колбе, Кица. 2020. „’Крајот на сезоната’ – последната новела на Тања Урошевиќ“. Стремеж, списание за литература, уметност и култура LXVI, 1, стр. 136-145; Смилевски, Гоце. 2023. „Сеќавањето, небиднината и урбаниот профил на Скопје во романот ‘Еден сив мартовски ден’ од Тања Урошевиќ“ во: Урбаниот профил на Скопје во современата проза. Скопје: Институт за македонска литература, стр. 61-70.