• Наслов

    КАНОН ЗА СВ. АПОСТОЛ АНДРЕЈ

  • Автор

    НАУМ ОХРИДСКИ

  • Година на издавање
  • Категорија

    средновековна книжевност

  • химнографија

Опис на делото

Оригинална химнографска творба напишана од Св. Наум Охридски . Се смета дека е создадена за време на словенската богослужба во храмот посветен на Св. Апостол Андреј во Рим (868), кога Наум бил еден од тројцата кирилометодиеви ученици којшто се стекнал со свештенички чин. Неговото авторство е засведочено со акростих  во кој се потпишал како „НИШЧИИ НАУМ“. Акростихот содржи остатоци од архаичен јазик и правопис, особено фонетски, чиј континуитет може да се следи во охридскиот говор до денес. Канонот е познат во препис од XIII век, во Службен минеј за септември-ноември (Зографскиот манастир, бр. 88), отриен од С. Кожухаров во 1978. Фрагмент од оваа творба откри Ѓ. Поп-Атанасов во Братковиот минеј  од XIII век, по потекло од с. Бањани, Скопско (Белград, НБС, Рс 647).  Содржинската структура упатува на химнично воспевање на апостолски тип на светител, со директен одраз на образец од библиските текстови. Химничното воспевање на апостолските дејности на Св. Андреј во канонот се поврзуваат со оние на Солунските браќа, коишто се посветиле на апостолската мисионерска дејност сред словенските народи. (М. Ј.-Т.)

 

Библиографија

Велев, Илија. 1997. „Поетот Свети Наум Охридски“ во: Кирилометодиевска традиција и континуитет. Скопје. Култура – ИМЛ: 41-52; Велев, Илија. 2014. Историја на македонската книжевност. Том 1. Средновековна книжевност. Скопје:152-166; Велев, Илија. 2017. Културноисториски проникнувања, Скопје: Гирланда: стр. 113-135; Илиевски, Хр. Петар. 1996. „Палеографско-јазичните особености во канонот за ап. Андреј од Св. Наум Охридски„ во: Зборник со реферати од Втората македонско-американска славистичка конференција за македонистика. Студии за македонскиот јазик, литература и култура, Скопје: УКИМ: стр. 11-27; Јакимовска-Тошиќ, М. 2007. „Духовно-просветната дејност на Св. Наум Охридски и почетоците на црковната организација во Македонија“ во: Кирилометодиевски книжевни проекции. Скопје: ИМЛ: стр. 37-46; Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2013. Книжевни и културни модели во македонската средновековна литература. Скопје: стр. 85-98; Кожухаров, Стефан. 1984. „Песенното творчество на староблгарскиот книжовник Наум Охридски“. Литературна история, бр. 12, стр.3-19; Македонска книжевност IX – XVIII век. 2008. Избор, редакција, предговор, книжевно-историски коментари и белешки Илија Велев. Битола, стр. 136-142; Поп-Атанасов, Ѓорги. 1997. „Фрагменти од поетската творба на Наум Охридски во Братковиот минеј“. Разгледи, бр. 5-6, стр. 576-581; Поп-Атанасов, Ѓорги. 2007. Средновековна македонска химнографија. Скопје: Институт за македонска литература и Менора, стр. 119-130; Стојчевска-Антиќ, Вера. 1997. Свети Наум Охридски, Скопје: Епоха, стр. 40-43.