• Наслов

    ПОСЛАНИЕ ДО ДИМИТРИЈ КАНТАКУЗИН

  • Автор

    ВЛАДИСЛАВ ГРАМАТИК

  • Година на издавање
  • Категорија

    средновековна книжевност

Опис на делото

Посланието до Димитриј Кантакузин на Владислав Граматик е негов оригинален состав со функција на запис-поговор кон Загрепскиот зборник (Загреб, ХАЗУ, сигн. III а 47), пишуван во 1467 година во манастирот Матејче (Кумановско) по нарачка на книжевникот современик Димитриј Кантакузин. Содржината на овој состав е напишана на л. 768а-770а во ракописот. Овој поговор претставува еден вид послание, кое открива проширена „историја“ за создавањето на ракописот настанат како резултат на писмената порачка од страна на Димитриј Кантакузин упатена до Владислав Граматик од позиција на претпоставен. При составувањето на ова послание авторот Владислав Граматик е под влијание на готови обрасци, кои имаат универзален карактер во средновековната книжевна практика. Превод на современ македонски јазик објавува И. Велев. (М. Ј.-Т.)

 

Библиографија

Георгиевски, Михајло. 1991. „Поглед кон животот и делото на Владислав Граматик – писател од XV век“ во: Македонска средновековна книжевност. Скопје: Македонск книга, стр. 229-252; Данчев, Георги. 1969. Владислав Граматик, книжовник и писател, София: БАН; Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2001. Македонската книжевност во XV век. Скопје: ИМЛ, стр. 23-24; Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2002. Оригинални книжевни состави во македонскиот XV век. Скопје: ИМЛ, стр. 57-58. Македонска книжевност IX-XVIII век. 2008. Избор, редакција, предговор, книжевно-историски коментари и белешки Илија Велев. Битола: Микена, стр. 306-311; Киселков, С. Васил. 1984. „Нов лъч върху книжовната дейност на Владислав Граматик“ во: Изв. на Българското историческо дружество, XXII-XXIII, София: БАН, стр. 170-179; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија, Јакимовска-Тошиќ, Маја. 1977. Скрипторски центри во средновековна Македонија.Скопје: ИМЛ, стр. 192-211; Угринова-Скаловска, Радмила. 1983. „Владислав Граматик и единството на јужнословенската книжевна традиција“ во: Предавање на XVI Семинар за мак. јазик, литература и култура, Скопје: УКИМ, стр. 37-45; Христова, Боряна. 1996. Опис на ръкописите на Владислав Граматик, Велико Търново:ПИК, стр. 5-205.