Живот и дело

Во неговото книжевно дело е присутна склоноста кон мистиката и фолклорот кои ги оживотворуваат реалните историски кошмари на македонскиот народ од социјалистичкиот период прикажани преку специфична нарација во која доминира: преплетувањето на чудесното и реалното; ироничниот параграф; високата емотивност на „хронотопот на прагот“; симболичноста која некогаш преминува во алегорија; сликарскиот стил на изразување; сказот; гротеската на карневалот.
ЧИНГОЖИВКО (13.VIII 1935, с. Велгошти, Охридско  – 11.VIII 1987, Охрид), македонски прозаист и драмски автор кој твори во духот на магичниот реализам.
Видливи траги во неговиот творечки светоглед оставило родното село каде што го започнал образованието.
Гимназија завршил во Охрид, а Филозофски факултет во Скопје. Одредено време бил професор во Гимназијата во Охрид.
По преселувањето во Скопје работел во весниците...
  • Автор

    ЖИВКО ЧИНГО

  • 13.VIII 1935, с. Велгошти, Охридско - 11.VIII 1987, Охрид

  • современа книжевност

  • автор драма роман расказ


Опус

 Пасквелија. 1962. Скопје: Култура (раскази); Нова Пасквелија. 1965. Скопје: Култура (раскази); Семејството Огулиновци. 1965. Скопје: Кочо Рацин (раскази); Сребрени снегови. 1966. Скопје: Нова Македонија (роман); Стриковите воденици. 1966. Скопје: Мисла (раскази); Пожар. 1970. Скопје: Македонска книга (раскази); Големата вода. 1971. Скопје: Македонска книга (роман); Заљубљени дух. 1976. Београд: Народна књига (раскази); Кенгурски скок. 1979. Скопје: Македонска книга (драма).

ПОСТХУМНО ОБЈАВЕНИ:

Бунило. 1989. Скопје: Мисла (раскази); Гроб за душата. 1989. Скопје: Култура (раскази); Ал. 1989. Скопје: Македонска книга (роман); Бабаџан. 1989. Скопје: Наша книга (роман); Сурати. 1992. Скопје: Култура, Мисла (драма); Работници. 1992. Скопје: Култура, Мисла (драма); Под отворено небо. 1992. Скопје: Култура, Мисла (драма); Образов. 1992. Скопје: Култура, Мисла (драма); Макевејските празници. 1992. Скопје: Култура, Мисла (драма).; Емитувани (изведувани): Четири прекрасни годишни времиња. 1968 (ТВ-драма); Жед. 1971 (сценарио); Поле. 1971 (сценарио); Ѕидот, водата. 1976 (сценарио); Пчеларник. 1988 (сценарио); Од патувањата низ Италија (патописна проза).


Библиографија

Бошковски, Петар. Т. 2005. „Чинговата Пасквелија. Нејзиниот свет“во: Чинго, Ж. Пасквелија. Скопје: Дневник, Утрински весник. стр. 231-242.; Георгиевски Христо. 1985. „Инвентивна проза“ во: Поетиката на македонскиот расказ. Скопје: Мисла. стр. 116-135.; Мојсиева-Гушева, Јасмина. 1997. Трагикомичното кај Чинго. Скопје: Култура.; Мојсиева-Гушева, Јасмина. 2001. Чинговата апартна поетика. Скопје: Институт за македонска литература; Чинго, Живко. 1982. Обид за будење. Скопје: Мисла; Џаџић, Петар. 1976. „Нова проза Живка Чинга“. Књижевност. Београд. год. 63. бр.11. стр. 937-942.