Живот и дело

Познат е по прекарот „принц на метафората“ како признание за неговата висока оригиналност, со вродено чувство за создавање поезија со редок естетски квалитет.
ПАВЛОВСКИ, РАДОВАН (23.IX 1937, Ниш – 22.II 2022, Скопје) е македонски поет, есеист, патописец, член на МАНУ.
Потекнува од регионот Железна Река – подрачје помеѓу Гостивар и Кичево во западниот дел од Македонија коешто оставило видливи траги во неговата поезија. Таму го поминува своето детство и го завршува основното образование. Средно училиште завршува во Гостивар. Студира право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј&ldq...
  • Автор

    РАДОВАН ПАВЛОВСКИ

  • 23.IX 1937, Ниш - 22.II 2022, Скопје

  • современа книжевност

  • автор поезија автор


Опус

Суша, свадба и селидби. 1961. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Корабија. 1964. Скопје: Култура (поеми); Високо пладне. 1966. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Клима и лира. 1966. Скопје: Мисла (поезија); Езерска земја. 1969. Скопје: Мисла (поезија); Низ проѕирката на мечот. 1971. Скопје: Култура (поезија); Sunce za koje zmija ne zna. 1972. Zagreb: Matica Hrvatska (поезија на хрватски); Pir. 1973. Zagreb: Liber (поезија на хрватски); Зрна. 1975. Скопје: Македонска книга (поезија); Молњи. 1978. Скопје: Мисла (поезија и цртежи); Стражи. 1980. Скопје: Македонска книга (поезија и цртежи заедно со Кондовски Димитар); Магија момче. 1981. Скопје: Мисла (поезија); Марена. 1983. Београд: Задруга (поезија на српски); Чума. 1984. Скопје: Мисла (поезија); Ključevi. 1986. Beograd: Narodna knjiga (поезија); Темелник. 1988. Скопје: Македонска книга (поезија); Бог на утрото. 1991. Скопје: Мисла (поезија); Светлина. 1993. Скопје: Гоце Делчев (поезија); Вселенски деца. 1993. Скопје: Детска радост (поезија за деца); Јавач на звукот. 1995. Скопје: Зумпрес (поезија); Синот на Сонцето. 1999. Скопје: Зумпрес (поезија); Штит. 2001. Скопје: Макавеј (поезија); На едно око. 2002. Скопје: Три (поезија); Свртничар на светлините. 2004. Скопје: Култура (антологиски песни); Господар на перото. 2006. Скопје: АЕА, Мисла (поезија); Океан во капка. 2008. Скопје: АЕА, Мисла (поезија); Заштитна повелба. 2008. Битола: Микена (поезија); Воспеви. 2009. Скопје: МАНУ (поезија); Јас сум време. 2009. Скопје: Три (поезија); Се случува вечност. 2014. Скопје: Макавеј (поезија). 


Библиографија

Друговац, Миодраг. 1990. „Радован Павловски“ во Историја на македонската книжевност ХХ век. Скопје: Мисла стр. 544-553; Ѓурчинов, Милан. 1986. „Предговор“ во: Поезија I. Избрани дела. Скопје: Наша книга стр. 7-48; Наневски Душко. 1977. „Радован Павловски: Апсолутен поет“ во: Македонска поетска школа. Скопје: Мислa стр.267-278; Стојановиќ, Радослав. 1986. „Поетиката на Радован Павловски“ во: Отклучување на патиштата. Скопје: Наша книга стр. 348-371; Старделов, Георги. 2000. „Големиот поет на Железна Река или за Македонскиот Атлас“ во: Избрани дела. Скопје: Ѓурѓа. Том 8 стр.488-496.