• Наслов

    ЛЕСНОВСКИ КОВАЧЕВИЌЕВ ПРОЛОГ

  • Автор
  • Година на издавање
  • Категорија
  • зборник

Опис на делото

Средновековен книжевен ракопис пишуван во периодот меѓу 1330/1340 година. Содржи 221+1 пергаментен лист напишани со кирилско старословенско писмо од двајца книжевници ‒ првиот дел од ракописот (л. 106-221) е напишан од анонимен книжевник, додека вториот дел од ракописот (л. 106-221) е напишан од Станислав Лесновски. Според правописните и јазичните особености ракописот е произлезен од Лесновскиот книжевен центар. Ракописот според содржинската структура е од типот на целосните пролози ‒ ги содржел составите за сите месеци и денови преку целата година. Содржински се совпаѓа со Лесновскиот пролог  од 1330 година. Во него се застапени помени на руски и јужнословенски светители. Присуството на руски светители посочува дека предлошката на овој ракопис бил руски преведен текст. Текстот почнува со дел од проложните состави за 16 септември, а завршува со 25 јули, со спомените на Св. Ана и на Преп. Евпазија. Застапено е и краткото житие на Св. Гаврил Лесновски, што претставува втор досега познат препис по тој во Лесновскиот пролог од 1330 г. Се чува во Народната библиотека во Белград во збирката на Љубомир Ковачевиќ, сигн. рс. 705. (С. П.-Ѓ.)

 

Библиографија

Велев, Илија . 1989„Кон идентификацијата на Лесновскиот ковачевиќев пролог познат уште како Втор лесновски пролог“. Спектар, VII, бр. 14, стр. 29−34; Велев, Илија. 1991. „Ковачевиќев лесновски пролог“. Годишен зборник на Филолошки факултет, кн. 17, стр. 189–208; Велев, Илија. 1996. Македонскиот книжевен XIV век. Скопје: Веда; Велев, Илија. 1997. Лесновскиот книжевен центар. Скопје: Мисла; Велев, Илија. 2004. Лесновски Ковачевиќев пролог. Скопје: Менора; Велев, Илија и Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2013. Ракописното наследство од Лесновскиот и од Марковиот манастир. Скопје: ИМЛ; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија и Јакимовска-Тошиќ, Маја. 1997. Скрипторски центри во средновековна Македонија. Скопјe: ИМЛ; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија и Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2004. Творци на македонската литература (IX–XVIII век). Скопјe: ИМЛ.