Живот и дело

Како класик и припадник на генерацијата втемелувачи на македонската современа култура во периодот на слободен развој на македонската државност по Втората светска војна и автор на првиот роман на македонски стандарден кодифициран јазик, Славко Јаневски е интегрален автор со автентична поетика и со посебен жанровски разновиден творечки планетариум – историски, една од најзначајните фигури на современата македонска литература.
Поет, раскажувач, романсиер, сценарист, есеист и сликар. Како класик и припадник на генерацијата втемелувачи на македонската современа култура во периодот на слободен развој на македонската државност по Втората светска војна и автор на првиот роман на македонски стандарден кодифициран јазик, Славко Јаневски е интегрален автор со автентична поетика и со посебен жанровски разновиден творечки планетариум – историски, една од најзначајните фигури на современата македонска литера...
  • Автор

    СЛАВКО ЈАНЕВСКИ

  • 11.I 1920, Скопје - 20.I 2000, Скопје

  • современа книжевност

  • автор


Опус

 Крвава низа. 1945. Скопје: Култура (поезија); Пруга на младоста (со Ацо Шопов). 1946. Скопје: Главен одбор на Народната младина на Македонија (поезија); Пионери, пионерки, бубачки и шумски ѕверки. 1946. Скопје: Државно книгоиздателство на Македонија (поезија за деца); Распеани букви. 1946. Скопје: Државно книгоиздателство на Македонија (поезија за деца); Песни (со Ацо Шопов, Блаже Конески, Гого Ивановски и Лазо Каровски). 1948. Скопје: Главен одбор на Народната младина на Македонија (поезија), Распеани букви. 1946. Скопје: Државно книгоиздателство на Македонија (поезија за деца); Милиони џинои: приказни за Петгодишниот план. 1948. Скопје: Нопок (поезија за деца); Песни (1944 – 1948). 1948. Скопје: Државно книгоиздателство на Македонија (поезија); Снешко. 1948. Скопје: Нопок (поезија за деца); Егејска барутна бајка. 1950. Скопје: Нопок (поезија); Улица. 1950. Скопје: Државно книгоиздателство на НР Македонија (повест); Лирика. 1951. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Село зад седумте јасени. 1952. Скопје: Кочо Рацин (роман); Шеќерна приказна. 1952. Скопје: Детска радост (сказна за деца); Кловнови и луѓе. 1954. Скопје: Кочо Рацин (раскази);  Две Марии. 1956. Скопје: Кочо Рацин (роман); Леб и камен. 1957. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Месечар. 1958. Скопје: Кочо Рацин (роман); Сенката на Карамба Барамба1959. Скопје: Кочо Рацин (проза за деца); Марсовци и глувци. 1959. Скопје: Кочо Рацин (поезија за деца); Горчливи легенди. 1962. Скопје: Кочо Рацин (патописна проза); Сиромавиот црн Џо. 1962. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Темни кажувања (со Кирил Ќамилов и Мето Јовановски). 1962. Скопје: Кочо Рацин (легенди и записи); И бол и бес. 1964. Скопје: Кочо Рацин (роман); Стебла1965. Скопје: Култура (роман, нова верзија на Село зад седумте јасени); Евангелие по Итар Пејо1966. Скопје: Кочо Рацин (поезија); Глуви команди1966. Скопје: Мисла (поезија); Танчарка на дланка. 1966. Белград: Просвета (поезија); Песни. 1967. Скопје: Македонска книга и Детска радост (поезија); Црни и жолти. 1967. Скопје: Македонска книга (поезија за деца); Каинавелија. 1968. Скопје: Македонска книга (поезија); Барам, барам, барамбаш. 1969. Скопје: Наша книга (поезија за деца); Војник два метра в земја. 1969. Скопје: Мисла (поезија); Најголемиот континент. 1969. Скопје: Наша книга (поезија за деца); Тврдоглави. 1969. Скопје: Наша книга (роман); Омарнини. 1972. Скопје: Нова Македонија (раскази); Ковчег. 1976. Скопје: Наша книга (раскази); Оковано јаболко. 1979. Скопје: Мисла (поезија); Астропеус. 1980. Скопје: Македонска книга (поезија); Горчиновци. 1980. Скопје: Македонска книга и Мисла (поезија); Одбрани раскази. 1980. Скопје: Култура; Змејови за игра. 1983. Скопје: Македонска книга (поезија); Легионите на Свети Адофонис.  1984. Скопје: Култура, Македонска книга и Мисла (роман); Кучешко распетие. 1984. Скопје: Култура, Македонска книга и Мисла (роман); Чекајќи чума. 1984. Скопје: Култура, Македонска книга и Мисла (роман); Девет Керубинови векови. 1986. Скопје: Култура (роман); Децата од светот. 1987. Скопје: Детска радост (поезија за деца); Миракули на грозомората1987. Скопје: Македонска книга (трилогија: Легионите на Свети Адофонис, Кучешко распетие, Чекајќи чумаЗабранета одаја. 1988. Скопје: Мисла (раскази); Песји шуми. 1988. Скопје: Мисла (поезија); Чудотворци. 1988. Скопје: Македонска книга (роман); Рулет со седум бројки. 1989. Скопје: Мисла (роман); Скаменетиот Орфеј. 1990. Скопје: Култура (поетски избор); Пупи Паф. 1992. Скопје: Детска радост (проза во стихови за деца); Орач меѓу скелети. 1992. Скопје: Македонска книга (поезија); Зад тајната врата. 1993. Скопје: Македонска книга (раскази); Палетата на проклетството. 1995. Скопје: Мисла и Римако (поезија); Континент Кукулино. 1996. Скопје: Мисла (проза); Пупи Паф во Шумшул град. 1996. Скопје: Детска радост (книга за деца); Пупи Паф гледа од вселената1996. Скопје: Детска радост (книга за деца); Пупи Паф - господар на соништата1996. Скопје: Детска радост (книга за деца); Додека спиеја кртовите. 1998. Скопје: Детска радост (поезија); Депонија. 2000. Скопје: ЗУМПРЕС (роман); И петто годишно време. 2001 – постхумно. Скопје: МАНУ и Фондација „Трифун Костовски“ (раскази); Измислена тврдина. 2002 – постхумнао. Скопје: МАНУ и Фондација „Трифун Костовски“ (поезија). 


Библиографија

 Аврамовска, Наташа. 2015. „Прославата на животот во поезијата на Славко Јаневски“. Спектар 65. Скопје: Институт за македонска литература, стр. 17-29; Бојаџиевска, Маја. 2002. Мит, книжевност, идентитет. Скопје: Сигма прес; Георгиевска-Јаковлева, Лорета. 2015. „Славко Јаневски – втемелувач на митско-историската вертикала во македонската романсиерска продукција (по повод 95-годишнината од раѓањето)“. Спектар 65. Скопје: Институт за македонска литература, стр. 30-40; Дамјановски, Милан. „Историскиот наратив во романите на С. Јаневски и Џ. Џојс“ https://repository.ukim.mk/ (пристапено на 10.11.2023); Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2015. „Кон книжевно-есеистичкото наследство на Славко Јаневски“. Спектар 65. Скопје: Институт за македонска литература, стр. 9-16; Крамариќ , Златко. 1987. Романите на Славко Јаневски. Скопје: Македонска книга; Мојсова-Чепишевска, Весна. „Демонологијата на Славко Јаневски“ http://www.rastko.rs/cms/files/books/4c2944ae8e637 (пристапено на 10.11.2023); Сталев, Ѓорѓи. 1995. Керубиновото племе. Скопје: Детска радост; Старделов, Георги. 2010. Слушате ли, каинавелијци?Славко Јаневски: книжевна генеологија. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите, Фонд „Трифун Костовски“ http://manu.edu.mk/wp-content/uploads/2017/10/SLUSATE-LI-KAINAVELIJCI-Georgi-Stardelov.pdf (пристапено на 10.11.2023);