Живот и дело

Досега се идентификувани четири ракописи со негов потпис, а за други се претпоставува дека произлегле од негова рака.
Во науката за него се прават осврти како за монах и книжевен деец од Рилскиот манастир, поради што во литературата се среќава и како Мардариј Рилски. Постојат претпоставки за негово потекло од с. Ежево, Серско,  каде што реализирал порачки за пишување книги за потребите на Рилскиот манастир, па во науката се среќава и како Мардариј Серски.
Факт е дека за него постојат малку  биографски податоци, тој е современик и  соработник на  монахот Пахомиј, на 
  • Автор

    МОНАХ МАРДАРИЈ

  • втората половина на XV - почеток на XVI век

  • средновековна книжевност

  • автор


Опус

Преписи:

Служебен минеј за месец септември. 70-тите години на XV век. Софија: НБКМ, бр. 133(246); Шестоднев на Јоан Златоуст Зборник со беседи на Јоан Златоуст. 1480. Рилски манастир, бр. 4/2(39) и Москва: Руска државна библиотека, 1л., Ф. 87, бр. 1734; Панегирик. 1483. Рилски манастир, бр. 4/5; Панегирик (пишуван во соработка со книжевникот Пахомиј). 1509. Санкт Петербург: Руска национална библиотека, Гилфердинг бр. 56.

 

Претпоставка за преписи:

Панегирични зборник. од 80-тите години на XV век. Сант Петербург: ПБ F.I. 488; Зборник од слова по триодниот циклус од последната четвртина на XV век. Букурешт: АН бр.300; Зборник пронајден во Призрен. Санкт Петербург: Руска национална библиотека, Гилфердинг бр. 58.


Библиографија

Ангелов, Боню. Ст. 1972. „Неизвестни ръкописи на Мардариј Рилски“ во:  Известия на Института за литература, кн. 21. София: БАН, стр. 43-65; Велев, Илија. 1997. „Мардариј Серски – средновековен книжевник од втората половина на XV и почетокот на XVI век“ во: Кирилометодиевска традиција и континуитет, Скопје: Култура-ИМЛ, стр. 118-126; Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2001. Македонската книжевност во XV век. Скопје: ИМЛ, стр. 35-39; Јакимовска-Тошиќ, Маја. 2002. Оригинални книжевни состави во македонскиот XV век. Скопје: ИМЛ, стр.  41-60; Македонска книжевност IX-XVIII век. 2008. Избор, редакција, предговор, книжевно-историски коментари и белешки Илија Велев. Битола: Микена, стр. 312-314; Киселков, Васил. 1939.  „Рилскиот книжовник Мардариј“. Училишен преглед, кн. 9, стр. 1009-1026; Поп-Атанасов, Ѓорги, Велев, Илија, Јакимовска-Тошиќ, Маја. 1997. Скрипторски центри во средновековна Македонија. Скопје: ИМЛ, стр. 69-74; Христова, Боряна. 1982. Два ръкописни шестоднева от сбирката на Рилския манастир, Език и литература, бр. 2, стр. 57-65; Христова, Боряна. 1992. „Мардариј Рилски“ во: Старобългарска литература. Енциклопедичен речник, София: Петър Берон, стр. 263-264.